Модни совети за пролет – овие работи секогаш треба да ги имате во плакарот!

од  |  0 коментари

Трендовите доаѓаат и поминуваат, но некои работи никогаш не излегуваат од мода.

На пример, овие 12 пролетни парчиња облека. Овие се прчиња облека кои секогаш треба да ги имате во плакарот:

Мантил

Пролетта секогаш бара убав мантил за навечер, дождовни или ветровити денови. Мантил со појас во неутрална беж нијанса секоја жена треба да има.

Блуза на V израз

Нема да згрешите со блуза со куси или без ракави која има V израз во класична црна, бела или пак сива боја. Ова практична блуза можете да ја носите под сако, кожна јакна или мантил – гарантирано ќе изгледате добро.

Повеќенаменска чанта

Би требало некаде да ставите еден куп работи кои Ви се потребни во текот на денот. Голема повеќенаменска торба е за тоа најдобра.

Лесна фармерска кошула

Ова е полежерна варијанта на класичната свилена кошула. Лесна фармерска кошула е клучно перче облека за неформална активност. Врзете ја или вовлечете ја во пантолоните за да и дадете женствена нота.

Штикли во бојата на кожа

Нијанси во боја на кожа ги издолжуваат нозете и тие изгледаат добро во сите комбинации и стилови.

Личен приврзок

Без оглед на тоа дали носите ѓердан со Ваши иницијали, име или некој симбол, изберете оној кој ќе го дефинира Вашиот стил.

Нови фармерки

Добар пар на фармерки треба задолжително да се најде во Вашиот плакарот. Побарајте светли до средно темни нијанси без оние скинати детали за да купувањето би Ви се исплатило.

Сандали во боја на метал

Боја на метал добро се комбинира со сите парчиња гардероба, па затоа тие ќе бидат идеални за Вас.

Едноставна кошула – фустан

Модерна и професионална, кошула-фустан е паметен избор за секоја сезона.

Пилотски очила

Заштитете  ги очите од сонцето и заокружете го изгледот со универзални пилотски очила.

Чанта за излегување

Наместо секогаш да носите голема торба, кога излегувате одлучете се за елегантна торбичка.

Набрана сукна

Женствена и разиграна, набраната сукна ја обележува пролета. Без оглед на тоа дали ќе ја носите во куса или подолга варијанта, ова сукна е основа во пролетната гардероба.