Како да го тестирате парфемот на вистински начин

од  |  0 коментари

Имате омилен парфем, но сте во потрага по нов. Меѓутоа, дали умеете да го тестирате парфемот на вистински начин?

Кога избирате парфем, тоа е исто како да избирате долен веш: во прашање е интимно купување, а и не е за секоја прилика.

Мирисот би требало да ја искажува Вашата личност, да Ви ја крени самодовербата и влијае на тоа да се чувствувате сигурно и пријатно.

 За да изберете вистински мирис, морате да знаете неколку работи:

– Купувањето на парфемот направете го наутро. Прво, сетилото за мирис уште не Ви е заситено, како што е случај во попладневните часови, и во можност е да ги открие и најмалите разлики во нотите. Второ, самата кожа во утринските часови мириса непроменето, што значи дека на неа уште не стигнал да влијае дневниот стрес и храната, алкохолот, зачините или никотинот кои го имате консумирано.

Тестирајте максимум онолку парфеми колку што можете да запомните имиња, а тоа се четири. Доколку бидат повеќе, не само што ќе Ви се збуни мозокот туку и сетилото за мирис.

– Четири места на кои би требало да ги тестирате мирисите се пулсните точки односно корен на раката и лактот.

– Парфемот прснете го на кожата и пуштете сам да се исуши, а потоа мириснете го.

– Носете памучна гардероба. Гардеробата од синтетика влијае на промената на самите мириси.

– Доколку се збуните, барајте од продавачот да мириснете малку кафе ( сите добро снабдени парфимерии имаат тегла со кафе во зрно на видното место ), за да го неутрализирате сетилото за мирис.

Единствен вистински начин за тестирање на парфемот е на кожата. На мирисот влијае полот, хормоналниот статус, типот на кожата, па еден парфем може различно да се чувствува на различни личности ….

– Не носите белегзии, сатови или прстени затоа што металот, кожата и ткаенината можат да влијаат на промената на мирисните ноти.

– Парфемот никако немојте да го триете ( зглоб о зглоб ), затоа што тако се нарушува неговата молекулската структура и мирисот се менува.

Екстра совет:

Кога ќе го пробате парфемот, најдобра слика за него ќе добиете ако веднаш потоа заминете на тренинг. Таман ќе помине доволно време да се инфилтрира во кожа, а и самата формула стигнува да се помеша со потта и да Ви даде вистинска слика

На крај и кога ќе наидете на вистински – не претерувајте: парфемот би требало да биде пријатно изненадување само на оние кои ќе Ви се доближат доволно блиску.