5 трикови за дом без стрес

од  |  0 коментари

Иако некои простории уредени во шик или винтиџ стил поседуваат единствен шарм, постои нешто во чистите линии и отворениот светол простор што на нас делува смирувачки.

Уредувањето на просторот во „зен стил“ подразбира чисти линии со минимална количина на мебел, со цел да го отвори просторот и да овозможи да се релаксираме. Расчистувањето на просторот и користењето на природни материјали и  „мекото“ осветлување може да го претворат вашиот дом во оаза на мирот. Затоа, кога имате прилика да го уредувате домот, внимавајте на старата изрека – хаос во собата, хаос во главата.

1. Минималистичко уредување

Ако го уредите својот дом минималистички и го држите уреден, ќе создадете пријатна и смирувачка атмосфера која нема да предизвикува стрес.

2. Светол ентериер

Ентериерот во бела боја ќе го претвори вашиот дом во безбедно и пријатно место визуелно поголемо, дури и кога се работи за помали простории.

3. Земјени тонови

Употребата на кафеава боја, беж, или портокалови тонови и пријатни материјали, ќе влијаат вашиот дом да делува неутрално и да биде во допир со природата.

4. Растенија во домот

Неизоставен елемент од секој зен дом се природните растенија кои познато е дека го прочистуваат воздухот, го намалуваат стресот и го зголемуваат еланот.

5. Природни материјали

Употребата на природни материјали ќе го направат домот попријатен и ќе воведат живост дури и без големо реновирање или поголем труд.