50 најдобри животни совети

од  |  0 коментари

Најдобрите совети во животот  можеме да ги прифатиме  само кога не се анализираме себе си претерано. Секое преголемо анализирање може да води само кон разочарување и поставување на нереални цели во животот. За среќен исполнет и реализиран животен пат потребно е да се водиме кон следните 50 совети кои можат да ни помогнат да ја разбереме не толку тешката филозофија на животот за неговото живеење.

1.Запаметете нешто ново секој ден. Ова не само што ќе ви го одржува вашиот мозок ажурен туку и ќе ви развие поголем речник на мудри зборови со кои можете да се послужите.

2. Престанете да бидете посесивни кон материјални работи. Луѓето кои се опседнати со својата материјална состојба, статус во врската и слично нема да имаат мирен сон и спокој.

3. Развијте свест за љубопитност кон светот и се она што се случува околу вас.

 4. Почнете да паметите имиња на луѓе. Паметењето на одредени имиња може да ви обезбеди пат кон успех од една страна но и да покажете почит кон луѓето со тоа што сте ги запаметиле.

5. Бидете фит. Доколку не сте фит и во добра форма посветете се на тоа уште од денес. Фит луѓето се посреќни со самите себе, имаат побалансиран и помалку стресен живот и умеат да уживаат во него.

6. Фокусирајте се на сегашноста. Заборавете на вашето минато и фокусирајте се на сегашниот момент, само така целосно ќе бидете исполнети и среќни.

7. Фокусирајте се на моментот. Дури и пред 15 минути е минат период. Фокусирањето на сегашноста психолозите го поистоветуваат со место кога сите сме среќни без да се грижиме за минатото.

8.Смејте се почесто

9. Пијте повеќе вода

10. Не го земајте животот здраво за готово и пресериозно

11. Мислете позитивно

12. Читајте добри книги

13. Имајте хоби

14. Излезете малку на сонце и релаксирајте се

15. Помагајте им на другите почесто

16. Поставете си посебно време во денот кога ќе се грижите за работите кои ве оптоваруваат, а за преостанатото време заборавете ги.

17. Бидете неуморни

18. Спијте помалку од 12 ч

19. Одлучете кои се вашите цели и соништа

20. Патувајте почесто

21. Заминете на некоја авантура спонтано

22. Правете мали нешта но со многу љубов

23. Кажувајте им на блиските секој ден колку ви значат

24. Почастете се себе си со некаков третман, парче облека, квалитетни аксесоари, пар чевли и слично

25. Постојано учете и надградувајте се

26. Научете како да не ви влијаат зборовите на недобронамерни луѓе

27. Слушајте доббро и применувајте конструктивни совети

28. Бидете личноста што прави останатите да се чувствуваат добро

29. Бидете запаметени по вашата скромност

30. Бидете добронамерни

31.Научете да сонувате будни

32. Научете како да го контролирате вашиот ум

33. Медитиракјте секој ден по 20 минути

34. Научете како да ги контролирате вашите емоции и научете подобро да се контролирате самите себе во различни секојдневни но и животни ситуации.

35. Опуштете се и научете како да го правите тоа кога сте под стрес

36. Научете се како да оставите добар прв впечаток

37. Имајте добра мантра која ќе си ја повторувате во текот на секој ден, секогаш кога вашите цели и мотивација се загрозени од Х фактори. Мамнтрата како Најдобар сум во мојата работа, јас го можам ова- ќе ве самоубеди да ги поминете најголемите пречки во животот.

38. Бидете мистериозни. Луѓето кои не се како отворена книга на преостанатите им се многу интересни и возбудливи како луѓе.

39. Кога сте демотивирани прочитајте некаква мотивирачка и инспирирачка приказна

40. Одбирајте ги вашите пријатели мудро

41. Размислете двапати пред да кажете нешто за што мислите дека ќе се каете понатаму

42. Никогаш не избрзувајте со одлуките, паметните работи доаѓаат откако нештата добро ќе ги размислиме

43. Научете како да станете харизматични се со цел да им се допаѓате на повеќе луѓе -карактерно

44. Верувајте и на интуицијата

45. Сакајте безусловно

46. Имајте здрави и конструктивни врски

47. Поминувајте одредено време од денот со постари лица или со мали деца – ќе ве расположат и ќе ве наполнат со енергија

48. Не го поминувајте вашиот живот во само сожалување и лежење на кауч-превземете нешто и подобрете го.

49. Не чекајте друг да ви го среди животот

50. Залагајте се за она што го сакатe и работете го она што ќе ви донесе успех во понатамошниот живот.

Многу одлуки во животот како пронаоѓање на работа колку да имаме пари и профит, а не исполнување на соновите за одреден тип на кариера и животен пат , како и неостварување на сите различни полиња зависат дирекнто од нас. Потребно е да го уѓиваме животот 24/7 со вистински луѓе покрај нас со донесување на сосема правилни одлуку, во сосема соодветно време.