Нашата DNA е еден од кривците за нашиот “single” статус

од  |  0 коментари

Во денешно време научниците укажуваат на тоа дека нашите гени можеби си играат со нашето однесување во врските. Тогаш како нашата DNA влијае врз тоа колку сериозно сме инволвирани и спремни за врска?

Кинеските научници откриле дека генот нарречен 5-HT1A, наречен поради рецепторот на серотонинот (хормонот за среќа) има директна корелација со нашиот статус во врскатаа. Однесувањето кога сме во врска има големо влијание врз нивоата на серотонинот во мозокот па затоа специфичниот рецептор може да се поврзе со генетиката. Факторите како социоекономскиот статус, надворешниот изглед и атрибутите на личноста играат особено важна улога при делување на серотонинот – хормонот на среќа.

Во цели на  истражувањето биле испитувани 579 возрасни Кинези со просечна возраст од 24 години преку испитување на примероци од коса но и преку нивните изјасната ставови околу тоа дали се вљубени или несе. Откако генетскиот материјал бил испитан од влакната од нивната коса, научниците пронашле конекција на нивните изјави со она што генетиката го покажала (рецепторите на генот) за нивната состојба. Во случајот овој ген има две алели C  и G, на GG  генотип и CG генотип. G алелите укажуваат на статус слободен – single, за разлика од луѓето кај кои е пронајдена C алелата- тие веќе биле во врска или се склони кон остварување на подолгорочни врски. Луѓето кои поседуваат една или две G  алели веќе можат да се повикаат на својата генетика како извор на нивните проблеми на љубовното поле.

Па доколку сте почесто сами, доколку  немате сериозна врска тогаш вашата генетика е крива за тоа, не сте само лично вие кривци за тоа.