6 ОСОБИНИ КОИ ЈА ОДЛИКУВААТ ЗРЕЛАТА ЛИЧНОСТ

од  |  0 коментари

’Не постои зрело општество без зрели индивидуи. A нив не ги создава само општеството туку и самовоспитувањето.  Не постои друга одговорност од самоодговорноста’’  – извадок од книгата: “Čovek i njegov identitet”, Vladeta Jerotić,

Кои се особините кои треба индивидуата да ги развие за да се смета за зрела личност?
Низ призмата на академикот и писател Vladeta Jerotić денес ќе ги разгледаме 6 те особини кои ја карактеризираат една зрела личност.

‘’Колку повеќе незрели личности постојат во едно општество, секако дека постојат и помали шанси тоа општество да ги остварри соите цели и да овозможи природен разој на многуте потенцијали и  можности, односно способности кои несомнено се наоѓаат во секој човек’’.
Денешните психолози и психијатри иако застапуваат најразлични ставови сепак се сложуваат околу некои кои се значајни за сите луѓе- типични критериуми кои може приближно точно да одговорат на едно доста тешко прашање: Што е тоа што човекот го дефинира како една зрела и комплетна личност?

‘’За почеток, мора да се започне од докажаните факти кои укажуваат на тоа дека денес не постојат доволно зрели личности или пак стручно кажано, потполно интегрирани личности.

Постојат само одредени степени на зрелост кои помалку или повеќе се приближни на замислената идеална целина на личноста.
Во психологијата постојат неколку најважни критериуми кои ја одредуваат силата на човековото Јас, односно укажуваат на степенот на неговата зрелост, при што редоследот на овие критериуми  има приближно поддеднаква вредност и значење.

1.Способност за љубов кон другите, не само кон самите себе

Нарцисоидните  личности кога се во состојба да сакаат, тие тоа го прават така што во партнерот се пронаоѓаат самите себе и го сакаат тој дел од самите себе во партнерот. Тоа можеби е нивниот одраз на она што се во сегашноста, себе си од минатото или себе какви што би сакале да бидат во иднина. Јасно е дека таквата љубов кон партнерот не е во состојба да се одрече од било што, што значи дека таквата љубов е подложна на поднесување на ‘’жртви’’.

2.Способност за контролирање на сопствените нагони и импулси – управување со сопствената агресивна и сексуална енергија која ни е дадена биолошки во вид на вродени нагони. Се одликува со тоа што незиниот зачеток е ран и доколку правилно тие нагони, примарно се конролираат од страна на родителите, а подоцна и од страна на општеството во голема мера влијаат врз идниот развој на личноста.

3.Способност за поднесување на непријатности, болка и страдање
Принципот на апсолутно задоволство според Freud е во комплетна спротивност на принципот на реалноста, затоа мора постојано да имаме свесна контрола за да не дозволуваме другите наместо нас да поднесуваат болка и патење, како синоними на животот. Избегнувањето на секаков тип на болка, физичка и душевна, карактеристична е за нашето време и покажува одлики на инфантилно реградирање.
4.Поседување на зрела, а не инфантилна совест
Зрелата совест се покажува низ толеранцијата, низ контролата на сопствените нагони и желби, како и низ толеранцијатано и будноста во однос на потребите на сопствената морална природа. Незрелата совест, напротив, заоснована е врз заканите на стравот и чувството на кривица, се однесува спрема себе или пак својата околина садистички или мазохистички.
5. Умерена агресивност без реакции на бес или омраза
Ако ни се дадени агресивноста и сексуалноста како сиров материјал кој чека на своето оплеменување, тогаш природно е и да се потпреме на истите, додека пак детинесто е да замижеме пред овие моќни сили.
Потиснатата агресивност која не се искористила во моментите кога тоа било неопходно во мера која одговара на самата ситуација и нашата обврска како етички суштества, останува неискористена, сила која кога-тогаш мора да се испразни и тоа најчесто во некоја адекватна ситуација со зголемен и засилен интензитет.
6.Способност да бидеме независни
Ваквиот тип на способност ја поседува онаа личност која веќе успешно во себе ги развила сите други претходно споменати способности. Таа е цел и круна на индивидуалците и единствено и вистинско залагање , но и услов за слобода.

Само независната, но и слободната личност ја познава тајната на зрелото однесување.
Секој од нас мора најнапред да одговори на прашањето колку сам успеал да постигне, колку до сега успеал да научи со своите вродени и здобиени таленти.  Дури тогаш можеме да се свртиме кон општеството и со право од него да очекуваме основи за работа.

….‘’Не постои зрело општество без зрели индивидуи. A нив не ги создава само општеството туку и самовоспитувањето.  Не постои друга одговорност од самоодговорноста’’  – извадок од книгата: “Čovek i njegov identitet”, автор: Vladeta Jerotić,

Извор:

Vladeta Jerotić: 6 osobina koje odlikuju zrelu ličnost