Оној кој господари со своите мисли- господари со својот живот

од  |  0 коментари

Живот е величенствен во својата потполност, потполност на емоции кои сме во можност да ги почувствуваме, започнувајќи  од среќа преку ентузијазам, одушевување, спокој, гордост, страв, страм, тага…

Самото латинско потекло на зборот емоција нас и не упатува на некаква промена, движење.
Што е тоа што нашите емоции ги држи на збир односно, што е тоа што најмногу влијае врз нашите чувства? – Нашите мисли !

Колку посвесни сме за нашите мисли, толку повеќе ќе можеме да се фокусираме на сегашноста, да станеме свесни за позитивните и негативните мисли кои секојдневно влијаат врз нашето расположение. Нашиот мозок постојано работи на најразлични функции во нашето тело, па затоа не ретко доволен е само еден момент да се погледнеме во некој предмет за помислата за исиот во нас да предизвика цела бура на емоции.

Дали тој еден единствен предмет во нас предизвикам такви чувства? -Нормално дека не.
Тоа повторно се нашите мисли. Од нашите мисли во голема мера зависат многу работи, а за тоа не сме ни самите свесни. Кога човекот учи да господари со своите мисли, успева во најважната битка- битката со самиот себе. Затоа често се кажува : ”победи се себе и ќе го победиш целиот свет.”

Нашите здрави мисли донесуваат и до здраво тело и организам . Од нашите мисли зависат и нашите релации со луѓето од нашата околина, нашите романтични или пак пријателски врски, работа, семејство, материјален просперитет, духовно богатство, интелектуален напредок и многу други работи.

Листата вистински е долга, но за да ги подобриме своите позиции на различните животни полиња, да се оствариме себе си и да почувствувам просперитет, многу е важно да поработиме на себе.

Колку време ќе ни биде потребно, тоа зависи само од нас, на нас останува да одлучиме да тргнеме на патот кон промените, а кога веќе еднаш започнеме да се движиме по таа патека и ги почувствуваме благодетите кои ни ги пружа, секој нов ден ќе биде нов предизвик.
Промената е клучна. Патот кон промената е единствен вистински пат, кој може да го наименуваме уште и пат на оздравување на душата, пат за само-пронаоѓање, патот на зајакнување на нашето битие, пат на ослободување на нашата вистинска автентичност.

Нашиот внатрешен свет и нашето внатрешно духовно богатство привлекуваат позитивност. Тајната за нашиот успех всушност се пронаоѓа во нас самите, затоа многу е важно секој нов ден да ја откриваме во себе.

 

Изворnovasvest.com