Стравови кои го оневозможуваат вашиот успех

од  |  0 коментари

Секој доживува и се соочува со најразлични стравови во своето секојдневие. Самоуверените луѓе се соочуваат со нивните стравови и делуваат.  Стравот е најголемиот напријател на самодовербата.

Од што стравувате? Што ве спречува да напредувате? Што планирате да превземете за да се справите со нив?
Кои се најчестите стравови кои може да бидат пречка за вашиот персонален успех?

1. Страв од неуспех- овој тип на страв потекнува од аспирацијата да се биде 100% успешен во се она што се прави.
2. Страв од успех-  овој тип на страв е базиран на идеата дека успехот со себе повлекува и поголема одговорност и внимание, како и притисок и перформанс на повисоко ниво.

3. Страв од осудување- овој тип на страв доаѓа од потребата за одобрување која повеќето луѓе ја развиваат како навика во нивното детство

4. Страв од емоционална болка- овој тип на страв е вкоренeт во желбата за избегнување на негативни последици oд превземените чекори.

5. Страв од застрамување- овој тип на страв е резултат од давањето на моќ за осудување на преостанатите како резултат за давање на можност на другите да докажете дека сте само човек и правите грешки. 6. Страв од напуштање и самотија Овој тип на страв е поврзан со одбивањето и ниска самодоверба.

7. Страв од одбивање- овој тип на страв доаѓа од персонализацијата на она што другите го прават и кажуваат. 8. Страв од изразување на своите вистински чувства Овој тип на страв ве задржува од влегувањето во отворен и искрен дијалог со луѓето од вашето опкружување.

9. Страв од интимност- овој тип на страв се манифестира самиот со градење на бариера и немање на воља за другите да допрат до вистинскиот ‘’вас’’.

10.Страв од непознатото- овој тип на страв се манифестира самиот по себе како непотребна грижа за сите лоши нешта кои можат да се случат доколку се одлучите да направите промена во вашиот живот.

11. Страв од загуба- овој тип на страв е поврзан со потенцјалната болка асоцирана со губењето на нешто или некого емоционално значајни за вас.

12. Страв од смрт.
Најголемиот и најраспространет страв , страв од непознатото. Што ќе се случи со нашиот дух кога ќе го напушти нашето тело?

Со идентификација на стравовите, веќе сте на половина пат за да ги совладате. Акцијата е спротивна на стравот. Во повеќето случаи, за да го победите стравот направете памeтни одлуки со кои вашите стравови ќе ги надминете и ќе разберете дека нема да се реализираат.

Доколку научите да се справите со стравовите дури и во случаите кога правите помалку добра одлука ќе откриете дека науспехот не е катастрофален како што сте замислувале дека ќе биде. Успешните луѓе учат од нивните неуспеси. Преку превземањето на акција вие правите победа уште пред да започнете. Ќе успеете дури и со самото тоа што сте го победиле стравот без оглед на резултатот кој следи по акцијата, дури и да сте погрешиле сте имале искуство.

Кога започнувате да се колебате за одредени одлуки управувани од страв, размислете што е тоа што ве прави да се плашите од ситуацијата. Дали е тоа стравот од неуспех? Дали е стравот од успех? Дали е тоа стравот од одбивање? Или пак стравот од непознатото? Соочете се со своите стравови за да бидете победници!

Извор: Psychology Today