Како да ја заштитите кожата во ладните денови?

од  |  0 коментари

Зимата е време кога треба да почнете да размислувате за заштита и нга на кожата. Ветерот е еден од главните фактори за оштетената кожа. Таа се суши, пука, а најзагрозени се усните и рацете и пределот околу очите.

Важно е да внимавате на исхраната и внесот на витамини заради подобрување на општото здравје на организмот и зајакнување на имунитетот.

Што може да ви помогне?
Испуканите усни еднаш дневно пред спиење нежно измасирајте ги со четка за заби или нежен пилинг, а после тоа намачкајте ги со крем. пред излегување од дома, заштитете ги со балсам за усни.

Користете дневна хранлива крема. Постојат посебни креми за ладни и ветровити денови, но било која хидратантна крема ќе ја одржува вашата кожа влажна и цврста.

Пред излегување од дома намачкајте го лицето со крем кој има заштитен фактор, кој освен од сонце штити и од ветер.

Ладните временски услови бараат да пиете повеќе вода, а се препорачуваат исто така супи и чаеви. Влажната кожа е поотпорна на надворешни влијанија. Што се однесува на вратот заштитете го со облека а рацете со ракавици.

Што треба да избегнувате?

Избегнувајте препарати за чистење на кожата кои содржат алкохол и парфеми. Најдобро е да користите благи парфеми, pH неутрални гелови или лосиони за миење на лицето.

Не го поминувајте времено во зачадени простории, избегнувајте топли купки и туширање со врела вода. Чадот и врелата вода ја иритираат кожата што е оштетена од ветрот. После капење или туширање, задолжително намачкајте се со крем кој во себе има доволно масни компоненти.

Исхраната треба да биде разновидна, со доволно овошје и зеленчук, за телото и самата кожа да добијат доволно витамини, минерали и останатите неопходни супстанции. Интегралните житарки, немасните млечни производи и риба се одлични за здравјето на кожата.