Забрзајте го вашиот метаболизам

од  |  0 коментари

Се качувате на вагата и забележувате дека имате вишок на килограми? Не паничете постојат мали трикови со кои преку забрзување на матаболизмот вие ќе допринесете кон топење на вишоците. Се што ви е потребно е да ги погледнете овие неколку совети кои со вас ги споделуваат стручњаците на Health магазинот.

Конзумирањето на  соодветен број на калории, соодветната физичка активност надополнета со соодветното хидратирањето со вода од околу 2,5 литри вода дневно, и конзумирањето на храна богата со антиоксиданси  се чини дека е рецептот за успешно забрзување на метаболизмот и одржување на витка линија но и здраво тело.

Метаболизамот , односно метаболитичката реакција претставува хемиски процес во телото кој ја конвертира храната која ние ја конзумираме во гориво за работење на нашиот организам- енергија.  Основната метаболичка единица (BMR) претставува бројот на калории на ден кои нашето тело ги согорува при одмарање. Доколку го познаваме нашиот соодветен број на потребни калории кои треба да ги конзумираме за да изгубиме или добиеме на килограми тогаш ќе го најдеме совршениот баланс. Во основа бројот на калории кој ќе го внесеме во организамот доколку не сакаме да добиеме на килограми не смее да биде поголем од бројот на потрошени калории со одење и физичка активност во текот на денот (одење во теретана, џогирање, работење низ домот, пешачење, скијање и сл). Линкот до калкулаторот е достапен тука.

Покрај броењето на калориите кои ги внесувате со секој оброк, потребно е да сте физички активни, за таа цел ви нудиме неколку корисни линкови од кои доста девојки ширум светот се презадоволни. Оптимално за забрзување на метаболизмот е правење на вежби од по 1 час во текот на 5 дена во неделата, меѓутоа режимот на Џулиен Мајклс од 30 минутно вежбање, достапен во повеќе нивоа, секој ден е совршена алтернатива за сите вас кои сте ограничени со време а и со услови, па вежбите можете да ги правите во удобноста на вашиот дом

https://www.youtube.com/watch?v=1Pc-NizMgg8

Храната богата со антиоксиданси и влакна не само што ќе ве направи сити и витки, ќе ви даде и додатна енергија и здравје. Повеќе за антиоксидансите прочитајте во следниот натпис

Пиењето на вода исто така е здрав начин за забрзување на вашиот метаболизам. Колку повеќе вода пиете толку повеќе ги исфрлате токсините од вашиот организам и им давате кислород на сите клетки во вашето тело.  Заменете ги енергетските пијалаци, густите сокови, газираните сокови и сите останати пијалоци кои содржат адитиви и пробајте да пиете многу вода. Разликата ќе ја осетите уште во првата недела. Најоптимално за вашиот метаболизам но и  за севкупната општа здравствена состојба на вашето тело е да конзумирате 2 чаши наутро на гладен желудник, и по една чаша пред секој оброк за побрзо мастите да ги согорите во енергија.