8-мо мартовски дестинации за дами со авантуристички дух

од  |  0 коментари

Типично секој 8 ми март е преплавен од жени кои сакаат убаво да си поминат во друштво со своите колешки, пријателки, мајки, сестри или пак познанички. Изборот на облека, шминка и фризура не е толкав проблем за една модерна жена како што е избирањето на дестинација, место и локал. Некои славењето на овој празник го гледаат како причина плус да излезат од дома, а ние го гледаме како она што е- празник за признавање на женската еманципација, правото на донесување на одлуки во домот, во општеството и можноста за ослободување од стереотипите дека жената е створена да биде само во улога на домаќинка и мајка и ништо повеќе. Во духот на прославувањето на сите овие причини, Живот и Стил за вас има одлични предлог дестинации каде вие би го поминале овој празник.

specijalni ponudi za 8mi mart.fw (1)

Ви препорачуваме овој 8-ми март да го искористите на вистински начин, и да го прославите во вистинско друштво и на вистинско место, за незаборавен помин и патување кое долго ќе го паметите, а еве и каде:

1. Банско

Едно од најатрактивните зимски локации во Европа за одличен и гламурозен помин за секоја жена. Ова одморалиште нуди одлични глетки, одлични места за рекреација, уживање и релаксирање. Одличните термални води, базени, теретани и ски патеки се само дел од предусловите кое ова место ви ги нуди за незаборавен помин.bansko

Наш предлог за патување е активната 8-мо мартовска  понуда за незаборавен помин во луксузниот хотел ЗАРА во Банско чии цени, активности и дестинации можете да ги погледнете ТУКА.

2. Дестинација Будва-Дубровник-Острог

Доколку сакате да пиете кафе на св.Стефан, прекрасниот остров каде познатиот Новак Џокович одлучи да ги каже своите свадбени завети, да се возите на траект, да прошетате по добропознатиот стар дел од Дубровник, а најпосле и да го посетите и чудотворниот Острошки манастир, тогаш оваа дестинација е одлична за вас.

budva

 

Патувањето не е патување доколку вистински не се опуштите и не уживате во секој момент. Ова патување ви гарантира одличен помин и комплетна забава, а воедно и релаксација. Погледнете ја нашата предлог-понуда за оваа дестинација со кликнување ТУКА.

3. Сандански

Доколку сте дами кои вистински знаат да уживаат во животот, тогаш ова место е идеално за вас. Сандански-спа престолнина на Балканот. Дали е потребно да се зборува било што друго за овој рај на земјата?

sandanski

Погледнете ја нашата предлог туристика понуда за 8ми март со кликнување ТУКА.

4. Лутраки

Повторно дестинација комплетно наменета за релаксација, убав помин и уживање во добро познатите лековите бањи-топли изворски води на Лутраки. Што би било поубаво во ова ладно време од релаксација во топла, лековита вода, со коктел после стресните обврски заедно со вашите најдобри пријателки ?

lutraki

Доколку изберете да отидете во Лутраки нема во никој случај да погрешите, за активна понуда за 8 ми март погледнете ТУКА.

5. Солун 

Убавиот Солун покрај шопинг дестинација е одличен и за долги прошетки и уживање во мирисот на соленото море покрај брегот на кејот во центарот на градот. А што кога ова убаво патување би било надополнето со прекрасните Паралиа и Метеори? Тогаш искуството би било уште подобро.

solun

Оваа понуда можете да ја погледнете ТУКА.

Доколку ви се допаѓа идеата да поминете во монденски стил овој 8-ми март, дозволете да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор, сите други дестинации погледнете ги ТУКА.

Вашето омилено кафуле или таверна не мора а биде секогаш и вашата омилена дестинација, затоа што сепак 8-ми март секоја модерна жена треба да го слави како свој личен триумф и можност за еманципација во светот кој не е само наменет за истакнување на мажите, зарем не?

Светот покрај костими и кравати заслужува да биде завладеан и од високи потпетици….. 😀