Бои, традиција, ароми и обичаи- Велигден на Крф

од  |  0 коментари

Уживајте во боите и аромите на градините на музиката во Крф овој Велигден.

На Грчките острови, Светата недела пред Христосовото воскресение- Велигден се слави неверојатно.
Со припремите за доаѓањето на овој најголем празник на христијаните се започнува уште во Понеделник од 11.00 часот предпладне. Церемониите започнуваат во светиот хрaм на светецот Спиридон.
Сите филхармонисти и бендови на Јонските острови учевствуваат во голем концерт кој се случува во име на патрониот светец на островот Крф.

Грците имаат одлични обичаи кои славењето на овој празник го прават посебно, уникатно и убаво искуство затоа наш предлог е оваа година да го посетите Крф за Велигден и да доживеете едно ново, сосема поинакво и исполнувачко искуство.

Понеделник: Грците имаат обичај на првиот ден од Светата Недела да отидат на шопинг за да се подгтоват за славењето кое што доаѓа во име на празникот. По улиците може да се почувствува величенствената арома низ воздухот. Задолжително пробајте  “foyátsa”, пита бриош, декорирана со црвено јајцево средината во знакот на Велигден  и “mandoláto” благ колач направен со бадем и мед, едноставно ќе уживате и во вкусот, но и во традицијата на овој празник воедно.

Вторник: Овој ден во црквите се зборува за приказната за Марија Магдалена, се пее незината химна, и во вечерните часови се ужива во ноќ посветена на поезијата, нормално повторно во тематиката на Христосовото Воскресение.

Среда: Островот е преполн со народ кој се радува, пее и ужива по традицијата што широкораспространето може да се види во секој агол по уличките на островот.

Четврток: Овој ден е посветен на светата служба во храмовите и црквите каде луѓето имаат традиција да пaлат 12 свеќи, а црквените звона кои ечат во еден заеднички тон во 12 часот на пладне сигнализираат дека е време да се фарбаат Велигденските јајца, а со тоа да се продолже традицијата која сигнализира повторно раѓање на животот и природата.

Петок: Овој ден е ден на жалост и плач за Христијанството. На овој ден ќе ве разбудат погребните камбани, a младите девојчиња ги украсуваат Епитафите, а низ улиците се слушаат жалните  и елегични филхармониски звуци на оркестрите кои свират до самите вечерни часови.

 Сабота: Првиот ден на Велигден се слави започнувајќи од 6 часот наутро во црквата св.Марија од Ксенон.Во 11 часот предпладне насобраниот народ на плоштадот ја кажува фразата “Christós Anésti” (Христос Воскресе) едни на други, за притоа да им биде реплицирано “Alithós Anésti” (Вистина Воскресе). Откако ќе помине 11 часот, насобраната толпа на народ може да ужива во гласната весела музика, добрата храна , звоната кои свират весела песна, а во 12 часот да бидат сведоци на еден одличен обичај кој морате да го видите за да знаете колку е убав самиот посебе, а тоа е кршењето на ќупци. Луѓето од прозорци, балкони фрлаат глинени ќупци и ги кршат. Иако доаѓа вечер, забавата во Крф за Велигден не завршува така брзо. Вечерта посетителите можат да уживаат на хармонијата на местото надополнета со илијадниците свеќи кои резидентите ги поставуваат по своите прозорци, балкони  и улици. Воскресението на Христос се слави на полноќ во силна музика креирана од звукот на тапаните и со голем огномет.

Финално, Неделата е посветена на т.н Служба на Љубовта, притоа мештаните слават во локалните села и имоти низ целиот остров. Но не заминувајте пред да ги посетите и најблиските острвои Paxi и Antipaxi. Доколку се заљубивте во обичаите, тогаш е време да го посетите Крф ова време од годината .

 Наш предлог е да ги погледнете понудите и да уживате во едно незаборавно искуство, поради кое ќе сакате повторо да се навраќате на Крф ова време од годината.