,,Градoт на илјада вкусови”- ВИЕНА

од  |  0 коментари

Кога се зборува за Виена,веројатно сите зборови би требало да се во суперлатив. Особено ако решиме да зборуваме за  класика, храна, музика, романтика….

 Виена еден од најевропските градови, со вистински класичен шарм, кој освојува со својата истовремена историска вредност, но и со модернизацијата. Без сомнение главниот град на Австрија и еден од најромантичните градови во Европа е убедливо најубав пред почетокот на пролетта, во првите денови од март. Па оваа фантастична понуда на Ариес травел за денот на жената би требало да ја имате во предвид, доколку сеуште не сте се одлучиле каде ќе го поминете денот на жената оваа година.

specijalni ponudi za 8mi mart.fw (1)

 

Но, пред да отпатувате за Виена, дали сте сигурни дека знаете сѐ за овој магичен град?

 Виена е најголемиот и главен град на Австрија. Градот изграден на бреговите на реката Дунав, поделен на  вкупно 23 области. Магичната Виена или  уште прочуена како град на музиката, дом на светски познати композитори како: Моцарт, Бетовен, Штраус, Шуберт, Брамс кои што живееле и ги твореле своите ремек-дела во магичната Виена. Денес во Виена се наоѓа една од најдобрите концертни сали во светот, која има одлични акустички карактеристики.

Доколку патувате во Виена на листата на работи који што морате да посетите веднаш вметнете ги овие фантастични замоци:

Замокот „Лихтенштајн“  кој е доказ дека древната архитектура е подобра од онаа денес. Тој се наоѓа на излезот во Виена во Австрија. Овој замок бил изграден за време на 12-от век и бил уништен од страна на Отоманците во 1529 и 1683 година. Во 1884 година, замокот бил изграден одново. Ова место е едно од најпосетуваните во Виена.

4693615945_5e3f29424a_b

Замокот Шелубрен кој бил изграден за императорот Леоплод I. Денес во замокот има 1.400 соби кои се зачувани во својата автентична состојба во т.н рококо стил украсени со златни листови.

Замокот  Белведере чија изградба ја нарачал принцот Еуген Савојски, во 1714 година а само две години подоцна замокот бил веќе изграден. Многу мал дел од собите во овој замок биле проектирани како резиденцијални соби, а сите останати простории служеле како оранжерија и коњушница. Градините кои што ја опкружуваат палатата, до ден денес остануваат апсолутно ремек-дело.

download

Исто така еден интересен факт за Виена е дека најголемиот смарагд во светот, кој има зачудувачки 2.860 карати, се чува токму во Империјалниот трезор во Виена.

Подеднакво како класиката и историјата, во Виена застапени се и модата и храната. Ако сакате да уживате во типичен австриски појадок или да пробате некое од  120-те видови сирење, тогаш одберете некој локален ресторан.

christmas fair castle schoenbrunn, Vienna

А кога веќе зборуваме за храната она што морате да пробате во  градот на бајките  е виенската шницла или како што уште е популарна „Wiener schnitzel“. Таа е дел од виенската култура уште од втората светска војна. А што се однесува до десертите она што препорачуваме да пробате е  Zeher  торта која што остана длабоко врежана во нашите мисли . А ако  би ги прашале жителите на Виена каде да отидете на десерт, едногласно ќе ви кажат слаткарница ,,Демел”

Секако, ова не е се што можи Виена да ви го понуди, но еве низ еден краток обид да ги споменеме нејзините најпознати обележја. Но секако она што вие ќе го  видете и почувствувате во Виена, ние со зборови сигурно не можеме да го доловиме, за таа цел проверете на Ариес.мк