СКАЛА ФУРКАС – летовалиште кое ќе ве освои на прв поглед

од  |  0 коментари

Доколку постои рај на земја, тоа е Фурка, односно Скала Фуркас! Скала Фурка е летовалиште во Касандра, на првиот крак на полуостровот Халкидики. Со песочни плажи и долги сончеви денови, популарна е кај туристите од секоја возраст, а посебно за мирни семејни летување.

На околу 100 километри од Солун, Фурка се наоѓа во подножјето на планината Пинд. Ова е обаво уредено летовалиште кое ќе Ве освои на прв поглед, со нејзини борови шумии, сонце, море и убави предели.

Во Фурка се наоѓа амбуланта, аптека, пошта, голем број на продавници и маркети, пекари, хотели, вили, апартмани, ресторани, таверни, барови, пицерии, рента кар агенции. На плажата можат да се изнајмат лежалки и чадори за сонце.

Во ова место постојат две убави цркви кои преставуваат споменик на култура и историја. Една од нив е византинска.

Широките улици, преубави плоштади, многубројни кафулиња, ресторани и најголемата дискотека во Халкидики се само едни од обележјата на Фурка. Тоа е место кое е доволно живо за оние кои сакаат динамичен провод, а од друга страна доволно мирно за оние кои сакаат одморот да го поминат во помирен ритам. Ова е место кое секоја година привлекува се повеќе туристи и лљубители на природа.

Чисто, топло море и сонце до касните вечерни часови, а во текот на ноќта ладовина од околните шуми ќе го направи Вашиот одмор квалитетен и незаборавен!