Летна разгледница од Полихроно

од  |  0 коментари

Во кристално чистиот залив Toroneos, опкружен со бујна медитеранска вегетација и идеална песочна плажа, во центарот на полуостровот Касандр, стотина километри југоисточно од  Солун, се наоѓа Полихроно.

mapa-grcke-polihrono
Ова место располага со бројни хотели, ресторани, кафичи, продавници , десетина големи маркети, амбуланта, аптека , туристичка и рент-а-кар агенција. Независно од уживањето на плажата и ноќниот живот, забавата и разонодата на ова место, дел од можните активности кои можете да ги правите и воедно и да уживате во нив се прошетката по Ханиоти, целодневното крстарење на заливот, кратките и долгите излети- со користење на изнајмени возила , редовните автобуски линии или ангажманите на локалните агенции.
Со Ариес Травел на оваа локација летувале илјадници туристи од кои многумина редовно се враќаат и ја препорачуваат оваа дестинација на блиските.

Сонце, топло море и атрактивниот природен амбиент се надоврзуваат на совршената големина на ова место (не е ни село, а не е ни град), добрите патишта, еколошката свест, одличната снабденост со сите нешта потребни за туризам и секако пред се пријатната атмосфера и чувството како да сте дома додека сте помеѓу останатите туристи на ова место.

Понудата за сместување на ова место е квалитетна, апартманите во Полохроно парираат на оние на Ханиоти и Пефкохори кои важат за туристички центри на Касандра. Понудата на вилите, апартманите и хотелите е исклучително добра и разнолика- прилагодена за сечиј буџет.
Делот од брегот на Полихроно е комплетно пополнет со ресторани, кафичи , продавници за сувенири и слично.
13895147_1004435752997870_5342290074999990476_n
Помалите или поголемите маркети распоредени се скоро во секоја следна улица. Полихроно како место не е многу големо, но затоа пак голема предност му е тоа што се ќе биде на дофат, каде и да одите нема да одите далеку, било каде можете да наидете на се што ви е потребно во опсегот од 100 метри.
Плажата е во близина на местото, а на самото место има и игралиште за деца каде распоредени се најразлични реквизити за игра и анимација на најмалите како лулашки, клацкалки, тобогани итн.

13_1452763306_e771d46c08c21302b536db1181a4796a_Polichrono_Halkidiki_13
Во Полихроно можете да ја искористите и вечерта за да го прошетате градот. поголемиот број на локали се затвараат околу полноќ освен во петок и сабота кога работат подолго. Музиката во рестораните почесто е традиционална , но помодерните места практикуваат и модерна музика.

Излети

Од Полихроно можете да напрравите неколку убави излети, кои се во понудата на локалните и домашните агенции како:
– крстарење на  Toroneos и обиколка на најубавите плажи
– посета на планината Олимп
– посета на манистирто Метеори
– Грчка ноќ
– крстарење – Света Гора
– Посета на водениот парк  Waterland
– посета на винските визби Akritas
– посета на пештерата Petralona.

Ноќен живот во Полохроно

Во Полихроно можете да јадете гурмански. Препорачуваме да ги испробате морските специјалитети и специјалитетите со риба затоа што се припремаат на традиционален начин и веруваме дека ќе уживате во ново гурманско искуство.Цените по рестораните се пристапни за секого, а можете да изберете помеѓу fast food ресторани, интернациојнални и традиционални ресторани – за сечиј вкус има по нешто.

Ресторанот “Akrogiali” е наша топла препорака затоа што има богато и вкусно мени а цените се навистина добри и за помал буџет. Покрај ова место не заборавајте да го посетите и  “Cockney Cafe”.

15596_Akrogiali-Small-Boutique-34
Во кафичите често покрај пијалокот ќе добиете и бесплатни грицки .

Доколку го посетите Полихроно ова лето не заборавајте да пробате традиционално узо, самуку или Mythos пиво. Оригинални грчки пијалоци кои веруваме ќе ви се допаднат.

Доколку овој наш натпис ве направи љубопитни за ова место…тогаш посете ја страницата на Ариес Травел и дознајте повеќе за понудите за летување на ова место со кликнување на следниот ЛИНК