Аеробик за лице

од  |  0 коментари

Најверојатно сега се прашувате, за што станува збор? Аеробик за лице? Но до крајот на овој текст ќе ги обожувате наши предлози и ќе ги правите вежбите за лицето секој ден!

По сите тие кремови за затегнување на лицето, серуми, маски, доаѓаме до заклучок дека можеби патот до затегнато лице е ист и како патот до затегнати нозе и позадина. Тоа е вежбање, вежбање и само вежбање!

Тренирањето не е наизменично дигање на веѓите и пумпање на образите со воздух. Вежбите за лице се во суштина масажи, каде стручните лица со внимателно испланирани движења работаат на четири регии на Вашето лице – чело, брада, околу очите и на образите. Тие ја растегнуваат и собираат Вашата кожа како би ги поттикнале мускулите на лицето да се зацврстат и затегнат.

Вие ова можете и сами да го работите, затоа што масирањето на Вашето лице доведува до циркулација на крвта во таа регија. Тоа ќе го направи Вашиот тен да биде блескав и до општо подобрување на Вашата кожа.

Исто така, ова овозможува и производство на колаген кој спречува создавање на брчки. Тоа секако е добра вест за сите оние кои сакаат да се ослободат од брчките, но подеднакво не ги сакаат ниту инекциите со ботокс или уште помалку заминување под нож.