Циметот во служба на убавина
Негувана кожа и витка става со помош на цимет? Дали е тоа можно? Поред убавиот мирис, циметот преставува моќното оружје кога е во прашање негата …
Циметот со неговиот убав мирис преставува задолжителен додаток на топлите напивки во текот на ладните зимски денови. Меѓутоа, неговата употреба не запира тука!
Погледнете како циметот може да Ви помогне да имате убава и негувана кожа, но и витка става.
АКНИ
Можеби звучи изненадувачки, но циметот преставува одлично средство во војната против акните и можете да го најдете во голем број на препарати за нега на лицето. Циметот го запира ширењето на бактериите кои предизвикуваат создавање на акни, и длабински ја чисти кожата.
ЈА РЕГУЛИРА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА
Научниците докажаа дека само еден грам цимет на ден е доволен за да се одржи нивото на шеќер во крвта во нормала како и да го намали нивото на холестеролот.
ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕ
Циметот преставува одличен антиоксиданс, но исто така помага и во зајакнување на имуниот систем. Овој зачин го намалува крвниот притисок, како и нивото на шеќерот во крвта. Уз сето ова циметот е одлично антибактериско средство кое помага за побрзо зараснување на помалите рани и посекотини.
ГО ПОТТИКНУВА РАСТОТ НА КОСАТА
Циметот содржи одредени состојки кои го забрзуваат растењето на косата. Најдобар начин за применување на овој зачин е маска која можете да ја направите со комбинација на кокосовото и маслиновото масло со мед и цимет. Не се плашете доколку почувствувате нежното скокоткање, тоа значи дека маската навистина делува.
ГИ ЗАБАВУВА ЗНАЦИТЕ НА СТАРЕЕЊЕ
Циметот ја забавува гликацијата која предизвикува настанување на брчките и го нагласува штетното делување на сончевите зраци.
Гликација предизвикува процес каде што молекулите на шеќерот се врзуваат за протеините во нашиот организам и на тој начин доведува до неговота деформација. Кога овој процес се случува во кожата и влијае на колагенот и еластинот резултатот е појавување на брчките. Голем број на истражувања покажале дека циметот е одличен начин за стопирање на овој процес.
СРЕДСТВО ЗА ПОПОЛНИ УСНИ
За пополни усни најдобар рецепт преставува смеса од маслиново масло и цимет. Нанесувајте ја смесата на усните, држете ја неколку минути и ќе имате ефект на меки и полни усни.