Изгледајте убаво и без шминка

од  |  0 коментари

Секојдневното нанесување на шминка на многу жени стана рутина во разубавувањето. Добар make-up  го разубавува лицето, но природната убавина се цени повеќе од скапа шминка. Природен и свеж изглед на моделите и актерките настојува да се постигне со минималната употреба на make up, но и без шминка можете да изгледате прекрасно.

Сигурно е дека не сакате да бидете оптоварени со шминка до таа мера да ни во пазарење не можете да заминете без make up. Допуштете и на кожата слободно да диши а и ќе заштедете пари и време кој го трошите на козметика. Ви даваме десет совети како можете да изгледате убаво без шминка.

1. МИЈТЕ ГО ЛИЦЕТО

Студена вода ќе Ве разбуди Вас и Вашето лице наутро, а и во текот на денот кога Ви треба освежување. Задолжително чистете го лицето наутро и навечер со нежното средство за миење на лицето за да ги отсраните мртвите клетки, нечистотијата и бактерии од порите.

2. ХИДРАТАНТЕН КРЕМ

По утриннското миење на лицето со нежното средство, нахранете го лицето со хидратантен крем наменет на Вашиот тип на кожа. Еднаш неделно направете пилинг, а Вашето лице ќе биде мазно и блескаво.

3.ПИЈТЕ МНОГУ ВОДА

Убавината доаѓа од внатре и доволното консумирање на течности му помага на кожата да изгледа здраво и блескаво. Обична вода и чај најдобра се хидратација која е потребна во текот на денот. Освен течности, урамнотежената исхрана важна е за убавина и здравје на кожата.

4. ДОВОЛНО СОН

Недостиг од сон остава негативни последици и на надворешен изглед. Спречете го уморниот изглед на очите и подочњаците и дозволете си сон од барем осум часа секоја ноќ.

5. ЗАШТИТЕН ФАКТОР

И во лето и во зима заштите ја кожата со крем со заштитен фактор. Кога е сончево носете наочари за сонце за да го спречите настанување на брчките околу очите.

6. СРЕДЕТЕ ГИ ВЕЃИТЕ

За да Вашето лице изгледа убаво без шминка, средете ги веѓите. Веѓите се рамка на лицето и мораат да бидат убаво обликувани за да привлечат внимание на природната убавина на Вашите очи и целото лице. Со свиткувач за трепки обликувајте ги трепките, кои исто така ги нагласуваат убавината на Вашите очи.

7. НЕГУВАЈТЕ ГИ УСНИТЕ

Усните можат да бидат убави и без кармин или сјај за усни кој постојано морате да го поправате. Негувајте ги усните за да бидат меки и здрави и редовно мачкајте ги со балсам за усни.

8. ЗДРАВА КОСА

Природниот изглед без make-up го употполнува здравата, негувана и чиста коса. Косата не морате да ја шампонирате секој ден, но задолжително користете регенератор за коса при секое перење. Пронајдете фризура која одговара на Вашиот тип на лице затоа што добрата фризура дополнително го разубавува целокупниот изглед.

9. МИРИС

За да бидете прекрасни без make-up, доволно е да сте секогаш чисти и да убаво мирисате.

10. НАСМЕВКА

Човечкото лице најубаво изгледа кога е насмеано. Затоа, не заборавајте на насмевка затоа што самодовербата и задоволството од самите себеси најмногу се забележува на надворешниот изглед.