БИТОЛА МОЈ РОДЕН КРАЈ

од  |  0 коментари

Градот кој го основал Филип II. Македонски

Битола, мој роден крај,

Во тебе сум роден, за мене си рај,

Битола, мој роден крај,

Јас те сакам, од срце знај, 

Битола, мој роден крај,  

За тебе пеам, од срце знај.        

Битола е втор град по големина во Република Македонија и го влечи своето потекло уште од античките времиња кога тука поминувале многу каравански патишта, а еден од најзначајните еVia Egnatia. Темелите на стара Heraklа ( Heraclea Lyncestis ), античкиот град и првиот спомен на Битола, ги удрил Филип II. Македонски. На северот на плодната Пелагонија на падините на планината Баба, со највисокиот врв, Пелистер ( 2601м ) кој одамна е прогласен за национален парк. Градот кој Турците и Грците го викаат уште Монастири, во текот на своето бурно минато имал бројни подеми и уште поголеми падови. Својот најголем подем  го доживува за време на Отоманското царство, како центар на санџакот на турската Румелија, која беше една од незините најзначајни и најпрометни, административно, трговско, високообразовно и дипломатско седиште. Во почетокот на дваесеттиот век свои конзулати во Битола имале дванаесет држави. Тука своите  први филмски кадри ги снимиле браќата Манаки во далечната 1905. а Војната академија ја служел и Кемал Паша наречен Ататурк (таткото на сите Турци ), основачот на модерната турска држава.

Голем број од туристите кои веќе биле до Охридското езеро или кои биле до Грција задолжително треба да ја посетат Битола, бидејќи тука има што и да се види. Уз сместувањето во голем број на добри хотели со врвен квалитет, и рестораните се исто така нешто посебно. Македонската кујна дава одлична понуда на јадења, додека долгата угостителска традиција опфаќа едно врвно кулинарско доживување. Центарот на градот е целосно  пешачка зона, чист е и  уреден со бројни кафулиња и ресторани и прометен е во текот на целиот ден се до касно во ноќта. Блискиот пазар во старата чаршија е вистинско огледало на земјоделското богатство. Пешачката зона се вика Широк сокак и се протега помеѓу двата главни плоштада. Едниот е наречен по Гоце Делчев и тука се наоѓа хотелот Епинал, а на другиот плоштад кој се вика Магнолија, се наоѓа големиот споменик на Филип II. Македонски. Тука се и двете големи џамии ( Исак и Јени ) а во близината е Саат-кулата. Во срцето на пешачката зона, се наоѓа незиниот заштитен знак – големата католичка црква.Интересна е приказната за Саат-кулата, која е висока 30 метри, а за која не се знае кога точно е изградена, но легендата кажува дека за потребите на нејзината поцврста изградба Турците мешајќи ја водата со кречот истрошиле и 60 илјада јајца. Денешниот сатен механизам, бидејќи стариот беше надвор од употреба, го поставиле Германските нацисти 1943. година во знак на благодарност на градот затоа што до тогаш уредно биле одржувани германските војни гробишта од Првата светска војна. Битола барем еднаш во животот треба да ја посетите  за да ја  почувствувате незината волшебна моќ. Познатиот поет Ајри Демировски не залудно го опеал градот во антологиската песма, и не случајно на крај додал:

Многу градови, села пројдов,

Како тебе мил за мене нигде не најдов.