Апликации кои ќе ви го променат животот

од  |  0 коментари

Имате проблем со организирањето на секојдневните активности и барате мобилни и десктоп апликации кои ќе ви ги олеснат тој процес? Ви нудиме неколку доста корисни совети за апликации кои ќе ви помогнат во организацијата. Погледнете ги:

EVERNOTE е вашиот онлајн бележник кој креира колекција на работите кои сакате да ги запаметите. Тој е во форма на дигитален дневник кој зачувува фотографии, веб страни , белешки PDF фајлови, аудио клипови и има можност за креирање на листи на активности. Овој бележник нуди огромна флексибилност на користење затоа што до него можете да дојдете преку ваѓиот десктоп, Интернет конекција или преку вашиот мобилен телефон. Цена: Бесплатен за Android, iOS, Windows Phone, PC, Mac, Google Chrome и Web.

HUMIN – апликација која дејствува како вашиот дигитален асистент. Оваа апликација ги запаметува сите мали детали за вас, каде сте сретнале некого, телефонски броеви и слично па  доколку работите со поголем број на луѓе ви овозможува да се фокусирате на настаните на кои треба да присуствувате наместо врз луѓето. Потребни ви се само контакти и Humin за вас ќе го направи преостанатото. Цена: Бесплатна  (iOS).

Dropbox, Google Drive и OneDrive се паметни алатки кои се особено корисни доколку работите со поголем број на податоци, потребно ви е зачувување и споделување со еден единствен клик. OneDrive е Microsoft сервис кој ви помага да го користите заедно со различни видови на документи. Овие апликации се бесплатни и достапни за iOS, Android, Windows телефони и Web.

PAPER е апликација достапна за iPad, а  воедно е и убава и корисна. Оваа апликација ви помага во вашата организација и доловување на идеите преку нивно скицирање. Доколку имате идеи слободно можете да ги нацртате и да ги зачувате на виртуелни бележници преку користење на пенкала, бои и алатки кои ќе ви обезбедат визуелно доближување до вашите идеи. Цената и е бесплатна.

MAILBOX  е модерна алатка за уредување на вашиот е-маил преку мобилен телефон и ви помага во читањето и чистењето на вашето влезно сандаче. Работи на принцип на тајмирање на пораките од мејлот да излегуваат на почетната страна на вашиот телефон како потсетници за да ги отворите. Оваа апликација е бесплатна и е достапна за iOS, Android оперативни системи.

Timeful е апликација- интелигентен календар кој содржи листи на обрврски кои треба да ги направите со цел паметно да го искористите вашето време и да ги синхронизирате вашите активности. Тој ги меша листите на активности со цел да ве научи како најправилно да ги подредите своите активности и да градите нови навики. Цена Бесплатна (iOS).

SUNRISE е паметна апликација календар која исто така може да ве поврзе со вашиот LinkedIn профил и ви овозможува да гледате слики и профили на луѓето со кои треба да се сретнете а сенаведени во вашиот календар.Поддржува неколку календари на Google . Голема предност и е што е бесплатна и е достапна и за iOS, Android.

Day One е погоден за правење на дневник за дневни активности што може исто така да ги снима и дневните временски услови и локации од каде ги внесувате вашите влезови во дневникот со што лесно вашите активности можете да ги прикачите на  Facebook. Достапна е за Mac, iPad и iPhone за сега.

Slack е одлична алатка за одржување во контакт со вашите тимски членови без беспотребното преминување низ бројни е-мејлови. Може да креира форма на чет соби и можете да ги тагирате  корисниците и да креирате повеќебројни канали за мали тимски проекти. Оваа доста корисна и бесплатна  алатка овозможува да ви пристигнуваат известувања на вашите екрани и е достапна за користење со iOS, Mac, Android  и Web.