Чудо на технологијата – авион без прозорци. Би се возеле ли во него?

од  |  0 коментари

Би се осмелиле да летате во авион без прозорци? Во овој авион сите би имале место покрај прозорецот, но има еден мал трик, на него нема прозорци.  Но не плашате се нема да паднете, неговите пронаоѓачи ве охрабруваат дека ќе уживате во искуството и глетките.

Концептот за овој авион сеуште се наоѓа во фаза на истражување, меѓутоа начинот на кој научниците ќе обезбедат авион без прозорци е добиен преку поставување на HD платна на специјано дизајнираните кривини на кабината на авионот. Начинот на кој ќе се остварува преглед на она што ќе се случува надвор директно на платната ќе се обезбедува преку камери кои преку посебни канали ќе ја пренесуваат директната снимка врз HD платната притоа обезбедувајќи поглед кон надворешноста. На тој начин вие буквално би се чувствувале како да лебдите на воздух, а сепак би го имале конфорот и безбедноста која ја нуди авионот.

Поради тоа што овој тип на авион нема да има прозорци неговите ѕидови ќе бидат направени потенки, а воедно ќе бидат и полесни за разлика од оние кај обичните авиони кои мораат да бидат засилени поради присуството на стакло. Кои се бенефициите на ваквиот авион? Не само што обезбедува незаменливо доживување, овој авион преку редукцијата на тежина и потенките ѕидови ја намалува потрошувачката на гориво, а потенцијално и на цената на патувањето. Погледнете на видеото како визуелно би изгледал овој авион.

Научниците на овој  CPI модел на авион од  центарот за развој од Америка сеуште работат на концептот кој велат дека е потребно да се развие во следните 10 години, што значи за скоро не би се возеле во Америка во ваков авион , а  во Македонија …