Асертивност- корисна алатка за подобра самодоверба, подобри врски и поголем успех на бизнис план

од  |  0 коментари

Што е асертивност?

Самиот концепт на асертивност  лесно ќе се разбере доколку се спореди со пасивното и агресивното однесување.

Одговорете искрено со “ДА”или  “НЕ”на следните прашања:

  • “Ми се случува да не знам како да го изразам своето мислење пред другите (пријатели, партнер, членови на семејството, авторитетни лица …)”;
  • “Често прифаќам работи кои навистина не би сакал/а да ги правам”;
  • “Ми недостига самодоверба во комуникацијата”;
  • “Бурно реагирам кога некој ќе дејствува на начин што не ми се допаѓа”;
  • “Склон/а сум на повишување на тонот во комуникацијата со другите”;
  • “Важно ми е да ја постигнам својата цел, без оглед на се”.

“Молчењето е злато”

Доколку одговорот на првите три прашања Ви е потврден, тогаш тоа е одраз на пасивно однесување, чија главна карактеристика е повлекување, недоволно залагање за себе и прифаќање на работи кои навистина не би сакале да ги правите. Ова не значи дека “пасивното лице” никогаш не се залага за себе , тоа се залага за себе меѓутоа на многу несигурен и несамоуверен начин , со речиси неизбежно оправдување за сопствените постапки. Најголем мотиватор за овој вид на однесување е стравот од реакциите / мислењата на другите – “Што ќе се другите луѓе мислат за мене?”, овој тип на луѓе се обидуваат по секоја цена  да  избегнат конфликти.

 “Подобро јас нему, отколку тој мене”

Доколку одговорите на последните три прашања ви се потврдни, тогаш станува збор за агресивно однесување.  Спротивно на пасивното, овој вид на однесување вклучува  отворено изразување на своето мислење, верување и чувства на начин кој најчесто изгледа заканувачки за другото лице. Целта е да се победи, да се постигне она што го сакаме по секоја цена, без оглед на тоа како тоа ќе влијае врз другите. Иако често ваквиот став  всушност води до целта, доаѓа до долгорочно губење – каде нема простор да се создадат здрави меѓучовечки односи, доаѓа до исцрпување и често овој тип на лица се чувствуваат виновни по “агресивниот испад.” Дали овој начин на однесување  вистински ни е потребен или постои некој друг начин да се доближиме до остварување на целта?

“Јас се почитувам себе си и те почитувам и тебе”

Одговорот е ДА. Во одредени ситуации може да се избере дали ќе реагира пасивно, агресивно или посамоуверено, односно. дали ќе се повлечеме, дали ќе се спремиме за напад, или преку давање на важност и на другите ќе успееме да ги искажеме своите ставови.
Асертивноста значи дека  на директен, јасен и на сигурен начин ќе го кажеме она што навистина го мислими, но во исто време нема да ја се загрозиме другата страна. На пример: “Ви благодарaм на понудата, јас би сакал да размислам”, “Би сакала да  ти излезам во пресрeт, но  навистина немам доволно слободно време во текот на утрешниот ден “, “Не сакам да се впуштам во таква зделка во овој момент, не сум спремен” и сл.

Како да станеме асертивни?

Анализирајте ја  вашата комуникација. Во својот репертоар кога станува збор за комуникацијата ги имаме сите три типа на однесување – агресивно, пасивно и асертивно. Ние може да сме  повеќе склони кон пасивно или агресивно однесување, но во секој од нас постои  и потенцијал за асертивно однесување – на нас останува да го вежбаме повеќе и да го практикуваме повеќе во секој дел од нашиот живот без разлика дали станува збор за комуникација со партнерот, пријателите, членовите од нашето семејство, бизнис партнерите или пак влијателните лица во нашата околина.

Асертивноста се вежба и се учи. Тренинзите за асертивност денес се доста популарни и распространети затоа што низ континуирана и интензивна работа обезбедуваат учење на вештини кои ќе ги  подобрат вашите комуникациски вештини. Значаен сегмент на секоја обука по асертивност  е надминување на когнитивните и емоционалните пречки за асертивното  однесување , кои се клучни за настанување на промени. Со други зборови, ние учиме како во одредени  комуникациски ситуации да ги гледаме работите од друга перспектива и како да креираме простор за асертивно реагирање.

Без константно учење и пракса, промената нема да биде долгорочна. Започнете од малите нешта, бидете асертивни и кон наметливите улични продавачи на Пр: ( “Не сакам да ги купам вашите чорапи, имам доволно нови дома, ви благодарам”), во кафуле кога некој ви праќа пијалок и сака да ви се придружи на масата, а вам не ви се допаѓа гестот ( “Ви благодарам на пијалокот, но не сакам друштво вечерва”), спрема познаниците на кои постојано им е потребна вашата услуга ( “Жал ми е, но не можам таа услуга да ви ја направам бесплатно) и слично. Малку по малку, ќе ја зајакнете својата позиција и во поголем број на ситуации ќе реагирате асертивно.

За почеток потребно ви е само да го препознаете просторот и да сакате да работите на вашите комуникациски вештини. Пружете си себе си време и искористете повеќе повеќе ситуации во реално време за да вежбате на своите вештини и навистина ќе ја достигнете посакуваната состојба – ќе научите како да комуницирате без “мака” и ќе станете вешти во својата комуникација која воедно ќе допринесе кон подобри интерперсонални односи.

Доколку сакате да ги зајакнете своите асертивни вештини ви ги препорачуваме тренинзите кои ги организира психолошкото советувалиште Петар Пан од Скопје

Контакт информации:

Марија Стефанова
психолог, психотерапевт, спец. по менаџмент на човечки ресурси

Психолошко советувалиште и консултативно-едукативен центар Петар Пан
075 426 946