Кажете Не на асертивен начин!

од  |  0 коментари

Доколку кажете НЕ, не значи дека сте непријатни или се однесувате агресивно. Тоа е нашето основно право и затоа не треба да чувствуваме срам или вина. Вештина за одлучно и учтиво да одбиеме одредено барање, која нам не ни одговара, може да не заштити од подоцнежно незадоволство.
Многу луѓе имаат проблем кога треба да се каже НЕ. Понекогаш се работи за страв дека НЕ, ќе звучи грубо, нељубезно, дека ќе ги уништи односите со луѓето кои им се важни и дека би можело да предизвика и конфликт.

Сепак, колку само губиме кога ќе се согласиме да направиме одредена работа која потребно е некој друг да ја направи, кога купуваме нешта што не ни се потребни и кога остануваме во контакт со луѓе кои нам не ни одговараат?
Дали се согласуваме на се поради хумани причини, или само затоа што ни е непријатно да ја одбиеме љубезната молба, или пак затоа што не знаеме како да излеземе на крај со нечија упорност?

Доколку кажете Не, не значи дека сте непријатни или агресивни. Тоа е нашето основно право и затоа не треба да чувствуваме срам или вина. Вештината за цврсто и учтиво да одбиеме нечие барањето, кое не ни одговара, може да ни заштеди време и да ја спречи понатамошната појава на незадоволство од донесената одлука.

Кога кажуваме НЕ, добро е да дадеме и некој вид на кратко објаснување за таквата одлука, но не и објаснување кое ќе содржи премногу извинувања, изговори кои нема на било кој начин на соговорникот да му оддадат впечаток дека се уште се двоумиме, затоа што би можел повторно да не убедува.
Во ваков случај, само доколку постои простор за тоа може да дадеме другу решение кое нема Нам да не загрози.

Понекогаш ни нај решителното одбивање нема да ги обесхрабри упорните луѓе кои по секоја цена замислиле да го променат нашето мислење. Доколку сте сигурни дека вашиот одговор е недвосмислен и јасен , тогаш не е потребно дополнително да го обликувате или пак да испробате со убедување но со други аргументи. Доволно е само да го повторите истиот исказ секој пат се додека соговорникот се откаже од убедувањето. Ова се нарекува и техника на ‘’т.н расипана плоча’’ и е корисна не само во одбивањето на нападни луѓе, туку и кога сакаме да бидеме истрајни во некое наше барање кое е кратко, јасно и недвосмислено а соговорникот се обидува да го заобиколи со цел да го избегне.

Дали и вие имате проблем да кажете НЕ?