Рационални и ирационални одлуки. Како ги донесуваме?

од  |  0 коментари

Дали донесуваме вистински или правилни одлуки?
Не можеме да кажеме дека често донесуваме само правилни/неправилни одлуки затоа што  сепак ние луѓето сме емоционални суштества кои знаат да бидат понесени од своите емоции пред рационалноста на одлуките.
Колку често ви се случило да погледнете некоја понуда на ТВ, Интернет или пак да разгледувате на излозите од продавници и да купите нешто кое не ви е неопходно во моментот ?

windowshopping
Колку и да сакаме да се убидиме дека одлуките кои ги донесуваме ги базираме на разумот, а понекогаш нашите избори знаат да бидат сосема ирационални.
Често донесуваме одлуки базирани врз интуиција или претходно искуство наместо врз основа на внимателна анализа.

Рационалните одлуки генерално се донесуваат од лица кои се способни да ги детерминираат можностите кои ќе произлезат од крајниот резултат, додека пак ирационалните одлуки се базираат скоро целосно на емоциите наместо на искуството. Луѓето кои имаат способност да донесуваат рационални одлуки се водат по искуството од минатото и можат да ги идентификуваат тие тригери кои допринесуваат кон емоционални одговори.special-offer-600

Често ефектите на одредена понуда можат да ни звучат примамливо и да влијаат врз донесувањето на нашата одлука, а тоа често се користи во областа на маркетингот и преговорите. Со други зборови бизнисите често ги подигнуваат цените кои луѓето сакаат да ги платат за одредени добра , па доколку сте се пронашле во ситуација кога сте купиле кушула која била на распродажба, фактот дека истата била на распродажба е она што не натерало да ја купиме.

Често ова се случува затоа што ирационалното однесување доаѓа од нашата неспособност да се справиме со автоматските емоционални одговори и им дозволуваме на нашите чувства и искуства да надвладеат. Луѓето се однесуваат ирационално  поради пристрасните влијанија и често дозволуваат да бидат понесени според начинаот на кој нештото им е презенторано или пак им е поставено одредено прашање.

На кој начин можеме да станеме неподложни на ирационалното донесување на одлуки?
Погледнете го следното едукативно видео кое веруваме ќе ви даде одговор на многу едноставни прашања со кои се соочуваме секојдневно…