Балови, валцери и ѕвона на катедрали – прослава на Новата Година во Виена

од  |  0 коментари

Со промената на годината, на целата територија на Виена се слави, се пее и се танцува. Без разлика дали ќе започнете со славење на Новата Година покрај големата Новогодишна топка крај  царската палата или да ја славите на улиците на Виена – изборот е ваш – било кој и да е нема да погрешите.

 Околу Нова Година, Виена е  место на кое треба да се биде.

За промена на календарската година  во стил, никој друг град не може да ја надмине Виена. Последните денови од годината се исполнети со бројни  концерти и забава. Новогодишната забава не може да помине без традиционалната изведба на Виенскиот  симфониски оркестар кој  традиционално ја изведува  Деветтата симфонија на Бетовен на Нова Година и првиот ден од Новата Година, Виенската филхармонија изведува голем избор  на валцери,полки и оперета песни, а празничниот  Новогодишен концерт во Виена е еден од најголемите социјални настани во текот на целата година. Билетите за сите три големи  концерти достапни се за купување преку веб-страницата на Виенската филхармонија.
Виенските прослави на Новата година се толку спектакуларни што се прикажуваат во живо на телевизии во повеќе од 90 земји.

bal

На двете вечери, од прославата  Државната опера и Volksoper даваат гала перформанси на Јохан Штраус  “Die Fledermaus. Следењето во живо од  Државната опера Fledermaus се прикажува  во живо на видео ѕид на Karajan Platz во предниот дел на куќата на операта уште во 7,00 часот, сите граѓани и посетители имаат привилегија да ја гледаат оваа спектакуларна музичка програма без да купуваат влезници. Доколку сте набавиле билети однапред, можете да присуствувате на Новогодишниот бал во салата за танц Хофбург, каде долгите драматични наметки, балски фустани и аристократија се навраќаат назад во симболиката на Австро-Унгарската аристократија.vienska

Центарот на Виена, за време на Новогодишната ноќ се претвара во една голема прослава. Со почеток во 2 часот на 31 декември до 2 часот наутро на 1 јануари, стариот центар на градот Виена се претвора во животворна сцена за забава . Илјадници луѓе го слават доаѓањето на Нова таГодина, во центарот на градот,кај  Градското собрание и во Пратер. По должината на познатата патека, се служат големи кулинарски специјалитети во комбинација со одлична шоу програма, валцери, оперета, рок, поп и фолк музика, како и низа на диџеи.

Масовното играње на валцер за Нова Година во Виена е искуство кое секој треба да го доживее  најмалку еднаш во својот живот. Идеално место да го направите тоа е под лустерите со безброј брилијанти во една од најголемите во светот, сали на отворено  за танц лоцирани на улицата Graben.
Оние кои што сакаат да имаат романтичен пречек на Новата година им препорачуваме да се повозат во старите кочии и да уживаат во одличната панорама на Виена и да наздрават со чаша шампањ или вино по избор за време на возењето.
Како што се наближува полноќ, катедралата St. Stephen’s станува место на собирот на сите посетители. Музиката запира во еден миг и започнува одбројувањето кое кулминира со ѕвонењето на ѕвоната на катедралата придружено со ‘’Синиот Дунав’’ на  Strauss.

bal-2