Зошто да ја прославите Новогодишната ноќ во Белград. Дочек на Новата 2017 година во Белград
Да ја поминете Новогодишната ноќ покрај романтичниот Дунав можеби ќе биде едно од најубавите искуства во вашиот живот. Доколку започнавте да размислувате на кој начин ќе ја прославувате годината која полека завршува и новата која доаѓа по неа, наша препорака е да ја поминете во Белград.
На 31 Декември градот е полн со позитивна енергија. Фризерите завршуваат доцна навечер со работата во преполните студиа за убавина, пазарите и маркетите се преполни со луѓе, домаќинките виткаат традиционално сарма, а децата со нетрпение го чекаат отчукувањето на 12 часот и подароците.
Традиционално секоја година на главниот плоштад каде се наоѓа и парламентот се одржува концерт во живо, на небото има неверојатен огномет најавувајќи ја новата калндарска година.Улиците се преполни со народ, а во рестораните, кафулињата и ноќните клубови гостуваат бројни домашни звезди и музика во живо една од традициите на ова место каде музикалноста и распеаноста и веселиот народ секогаш биле препознатливи.
Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава иДунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Белград е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.
Кога мислиме на Белград секогаш евоцираме спомени на едни убави времиња, отворени граници и заедништво. Па и ние не се разликуваме толку од Београѓани па затоа многу често таму се чувствуваме како и дома. Пријатен народ, сличен менталитет, незаменлива храна (посебно скара), убави модерни улици и секако не смееме да го занемариме фактот дека Белград е метропола, голем град со повеќе од 1,2 милиони жители. Град во кој ќе се заљубите, град со минато и сегашност, град со спектакуларни дочеци на Новата година. Доколку сте обожаватели на музика, сплавови, забава, веруваме дека ќе направите одличен избор.
Небото над Белград е посебно убаво во секоја сезона од годината, уживајте во погледот кон хоризонтот затоа што ова небо го испирирало и големиот Иво Андриќ , добитник на Нобелова награда, својата инспирација да ја црпи од неговата фасцинираност со ова небо чии бои доловуваат посебна магија и расположение.
Како се слави Новогодишната ноќ во Белград?
За да не оставаме многу на вашата имагинација ви прикажувам фотографии од минатогодишната прослава на Нова Година.
Доколку се инспириравте, погледнете ја понудата на АРИЕС и посетете го Белград оваа година, и започнете ја следната спектакуларно!
www.aries.mk