Безалкохолен коктел со манго

од  |  0 коментари

Денес ви претставуваме коктел со манго кој е многу брз и лесен за подготовка и  ќе ви помогне да се разладите и освежите во топлите денови.

Состојки:

  • 2 манга (излупени и исечени)
  • 2 лажици шеќер
  • 2 чаши сок од портокал
  • цеден сок од 2 лимети
  • 2 чаши минерална газирана вода
  • коцки мраз

Подготовка:

  1. Во блендер ставете ги мангата, сокот од портокал, сокот од лимети и шеќерот и блендирајте неколку минути
  2. Оставете го сокот да се излади во фрижидер
  3. Кога ќе се излади сервирајте го во чаша со мраз и додадето минерална газирана вода
  4. Уживајте!

За уште поголемо уживање и освежување ви предлагаме да ги користите соковите Ladna Juicy.

juicy