Битола, Град на конзулите!

од  |  0 коментари

Битола е град кој се наоѓа во југозападниот дел на Македонија. Тој е административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од Македонија. Уште се нарекува “град на конзулите” бидејќи тука се наоѓаат дел од конзуларните претставништва во Република Македонија.

Според бројот на жители тој е трет по големина во Македонија, а по површина е втор. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Битолскиот Народен музеј.

Препознатливи локации кои можете да ги посетите и видите се: популарниот Широк Сокак каде Битолчани секојдневно пијат кафе, се шетаат и разговараат и стариот древен историски град Хераклеја Линкестис кој бил изграден во време на владеењето на римјаните. Други интересни знаменитости се Саат кулата која исто така се наоѓа во паркот во центарот на градот каде младите се собираат и уживаат покрај гитарските звуци кои се честа појава, Безистенот, Ајдар-Кади Џамија, Црквата Св.Аранѓел каде за Христијанскиот празник Велигден верниците се собираат пред црквата, држат свеќи во раката за здравје се додека изгорат.

Во центарот се наоѓа Плоштадот Магнолија, многубројните кафичи кои можете да ги сретните, Центарот за култура, и рестораните кои приготвуваат вкусна традиционална Македонка храна. Ова е одлична можност за посетителите на Битола да ја пробаат нашата Македонска кујна и да ја слушнат познатата староградска музика. Да се напијат старо вино и долго да разговараат. Наша препорака би бил Ресторанот Корзо, кој ќе стане омилен на сите вистински гурмани.

Истересно и актуелно место  за посета, во последно време е и таканареченото место Битола Филмски град, кој се наоѓа на местото од старата касарна. Тука често се случува да се фотографираат младоченци и да оковечат своите слики со староградска убавина.

Друга интересна информација за вас е интернационалниот Фестивал на Филмската Камера БРАЌА МАНАКИ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативното творешто на кинематограферите.
Тој е основан во чест на браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон (1880-1964) МАНАКИ, кои со филмската камера „Биоскоп“ со серискиот број 300 од Компанијата на Чарлс УРБАН, купена  во Лондон, само 10 години по браќата Лимиер во Париз, во 1905 во Битола ги снимиле првите документарни филмови на Балканот. Со тоа природно биле удрени темелите на идниот фестивал во градот под Пелистер, градот на конзулите-Битола, каде што браќата Манаки имале фотографско студио/дуќан и кино.

Се надеваме дека сите овие информации пробудија интерес во вас и вие ќе бидете наш прв посетител!