Бои кои мажите сакаат да ги видат на жените

од  |  0 коментари

Модата е многу важна за многу жени, бидејќи преку неа го пренесуваат својот стил и особини на светот. Можеби некои ќе бидат уште позаинтересирани кога ќе слушнат кои бои на жените мажите сакаат да ги видат.

1. Црна

Црната боја е апсолутно број еден за мажите. Тоа е добра вест зошто и повеќето жени ја обожаваат таа боја. За мажите оваа боја претставува заводливост, софистицираност и стил, све спаковано во едно.

2. Црвена

Не е тајна дека мажите ја сакаат оваа огнена боја, зошто за нив претставува привлечност, влијателност, самодоверба и женственост. Но, постои и трик. Кога ќе кажеме црвено, најголем дел од нас мислат на црвен фустан. Премногу црвено на мажите знае да им биде и тоа како одбивно, посебно ако се работи за парчиња облека како хулахопки или сако.

3. Бела

Чиста и елегантна, тоа е она што мажите мислат кога ќе ја видат белата боја. Посебно сакаат бели маички, додека белите хулахопки или сукња не им се толку драги.


4. Беж боја

Уште една неутрална боја, која мажите сакаат да ја видат кај понежниот пол. Со неа поврзуваат чистота, мекост, нежност и безвременост. Но, ниту оваа боја не ја сакаат на вас од глава до пети, туку во умерени количини.