Мажи, внимание: Ова на жените никогаш не треба да им го кажувате!

од  |  0 коментари

Иако намерите не им се лоши и сакаат со зборови да , пофалат и расположат на сите мажи тоа не им поаѓа од рака. Проблемот е во тоа што комплиментите кои за нив се позитивни , жените може да ги протолкуваат сосема поразлично.

Овие “комплименти” жените не ги сакаат:

НЕ ИЗГЛЕДА КАКО ДА ИМАШ ТОЛКУ ГОДИНИ

 

Ако жената има 35 години, а сопругот и кажува дека изгледа како за дваесет години, тоа може да помине како комплимент. Проблемот е тоа што изјавата: “Не изгледа како да имаш толку години” го содржи зборот толку, кој лесно предизвикува бес кај жените.

Уште поопасна е ситуацијата, ако жената има 21 година, а мажите и рекле дека изгледа како за 35. Годините се лизгав терен, по кој мажите не треба да се движат. Подобро е да причекаат годините сами жените да им ги откријат.

ФИНО СИ ПОПОЛНЕТА

Во некои средини или култури тоа може да биде комплимент. Меѓутоа, во повеќето случаеви не е. Ако жената протолкува дека на тој начин мажот ги фали нејзините облини, добро ќе изреагира. Ако се посомнева дека тој зборува за нејзиниот струк, работите веднаш ќе тргнат наопаку.

ИМАШ ЕГЗОТИЧЕН НОС 

За голем број на жени МНОГУ осетлива тема е кога со некого разговараат за нивнот нос. Оваа болна точка подобро е да не ја коментирате.

ПРЕСЛАБА СИ

 

Поново доаѓаме на минско поле . Мажите веќе еднаш треба да сватат дека за килограмите со жените не се прави муабет. Кога тие ќе кажат: “Преслаба си “, таа слуша: ” Болна си”.

ИМАШ УБАВО ЛИЦЕ

Што е со остатокот од телото? Жените веднаш помислуваат дека само лицето им е убаво. Затоа подобар избор е да кажете : “убава си”.

ПОДСЕЌАШ НА МАДОНА

Мадона е водечка поп ѕвезда, но ако мажите ве споредат со неа тогаш вас на памет ќе ви паднат сите нејзини несовршености. Ваквите споредби треба да се избегнуваат.

ДАЛИ Е ТОА ТВОЈА ВИСТИНСКА КОСА

 

Жените кои немаат природно бујна коса лесно се нервираат кога ќе им поставите вакво прашање. Само ги подсеќате на болна тема. Од друга страна, жените кои имаат природно бујна коса ќе се навредат што сте се посомневале во квалитетот на нивната коса.

 СЕГА ИЗГЛЕДАШ МНОГУ ПОДОБРО

” Зарем порано не бев убава?”, скоро секогаш се прашуваат жените. Подобар избор е да кажете: “Одлично изгледаш”.