Од прва рака: Еве зошто престанал да ви се јавува!

од  |  0 коментари

Еден од нив што и сам тоа го направил, ја открива вистината за фраерите кои се преправаат во духови…

“На нашиот прв состанок, се бакнавме и останавме заедно до два часот наутро. Но после недела дена, повеќе не го чуствував тоа, што и да било тоа. Знам дека требаше да и се јавам, но никако немав сила, волја или желба. Не станав дух па одеднаш да исчезнам, но сепак избледев. Се поретко и праќав пораки кои беа нејасни и ладни… Додека конечно не прекинав да и одговарам. Знам дека жените го мразат овој потег. Нема заклучок и не е фер.”

Еве зошто такво нешто се случува:

1. Заклучил дека не сте добра комбинација

Во последниот дел на мојот мозок живее мал гоблин. Го поставува прашањето во стилот: “Што ако постои подобра?” и “Зар нема чудни стапала?”. понекогаш успевам да го заќутам. Ако заклучам дека не сме еден за друг, прекинувам да се трудам. Станувањето дух е некој вид бела лага. Не е идеално, но не е ни злонамерно.
2. Запознал некоја друга

Тоа е едноставно и брутално, но се случува. Том 29 годишен банкар вели: “Да, го направив тоа. Затоа што наидов на подобра девојка.”. Сурово Том!

3.Тој сака да го зачува својот имиџ

Мажите сакаат да бидат кул – секогаш. “Ако одлучиме дека е крај, некогаш не знаеме како тоа да го објасниме, а да не ја искривиме сликата за забавно и интересно момче.”

4. Повреден е 
“Испарив затоа што девојката направи нешто непромислено”, вели Бранко кој има 34 години и е продуцент. – “Ако не ми дошло до вложување труд, како ќе ги надминеме тие ситуации, одиме понатаму.“

5. Несигурен е 

“Една девојка со која се забавував секогаш сакаше да ја плати вечерата, затоа што заработуваше повеќе од мене, кажува Драган 24 годишен студент. “Кога започна скришум да ги плаќа келнерите по ресторани пред јас да одам да платам, посакав веднаш да излезам од таа врска.” Моето его е одговорно за тоа што не и ја кажав никогаш причината зошто и се скарав и престанав да и се јавувам.“

Не грижете се, не се сите момци духови

“Неколку мои пријатели се колнат дека тоа не е нивни стил. а освен тоа, тоа не е само машки манир. Неодамна излегов со девојка што многу ми се допадна. Таа е убава, секси, се изразува убаво… Се галевме и смеевме со саати. Гоблинот ги поставуваше своите прашања но сепак го замолчив. Следниот ден и пратив порака, кажувајќи си на себе – ова е жена од која никогаш не би се оддвоил и исчезнал. Но, никогаш не ми се јави.”