Борба со ”внатрешното дете”: ”инфантилни” татковци

од  |  0 коментари

Секој човек, без оглед на неговата возраст, го има во себе “внатрешното дете,” – своето детско Јас. Тоа е позитивен дел од личноста, бидејќи тоа е во контакт со детето во себе кое е извор на енергија, хумор и забава. Важни се пропорциите, се појавува проблем  кога некој сосема го исклучува ова дете во себе и ќе стане премногу сериозен.

Се вели дека луѓето се стари тогаш кога ќе го заборават детето во себе.

Не е ни добро, кога едно лице е премногу често во состојбата на своето внатрешно дете – во своето детско Јас.  Во овој случај оваа личност другите ја доживуваат како незрела, несериозна, со детско и  инфантилно однесување.

Кога станува збор за привлечноста, кај мажите  кои имаат многу изразено силно внатрешно дете на пример,  жените тоа  често го доживуваат како духовитост, спонтаност, виталност, енергичност, сексaпил и нешто кое е привлечно. Кога уживањето, забавата и играта се она што го поврзува овој  пар тогаш ”забавување” е типот на врска која на ваквиот тип на мажи најмногу им одговара.
Но колку се тие мажи погодни за една зрела и сериозна врска? Дали повеќе годишното ”забавување” не треба да прерасне во  сериозна врска?

Еден начин да се дефинира сериозна врска е подготвеност да се има заедничко дете. Често  жената е онаа која смета дека е подготвена за улогата на мајка, како на следна фаза на личниот развој.
Жената може да очекува дека партнерот со кого се ”забавува” развива паралелно емоции како и таа самата, и дека вистински ја сака и  е спремен за заедничко дете.
Инфантилниот маж не е спремен да ја преземе улогата на татко. Тоа не е поврзано со љубовта спрема жената, туку со тоа што всушност тој самиот не е спремен за одрекување што е потребно кога се презема оваа улога. Личноста е спремна за улогата на родител тогаш кога е спремна потребите на своето внатрешно дете да ги пригуши за одреден временски период и на потребите на новороденото дете му даде предност пред своите потреби. Без ова доаѓа ситуација ‘’детето да добие дете’’- a децата не се добри родители.

Инфантилниот родител раѓањето на новороденчето може да го доживее двострано: како родител кој добил ќерка/син или како постар брат кој добил помлада сестра/братче. Поради ова тој може раѓањето на детето да го доживее како губење на љубовта на жената (која сега станува посветена мајка) и може да стане незадоволен со новонастанатиот однос. Тој може и спрема сопственото дете да покажува и одредена љубомора. Во вакви околности жената може да увиди дека со раѓањето на едно всушност добила две деца за чии психолошки потреби е потребно да се грижи. Настанува криза во врската која може да се разреши со тоа што мажот ќе ја прифати улогата на татко но во исто време може и да заклучи дека не е спремен за таа улога и дека врската го гуши. Тој може своите потреби да пробува да ги задоволува надвор од својот дом и врска, се до развод или пак раскинување на врската.

Квалитетното ‘’забавување’’ не води автоматски кон добра и сериозна врска. Затоа потребно е да се согледа дали избраниот маж е способен доволно да се грижи за оние кои ги сака и оние кои му се блиски.

Извор: politika.rs;
Автор: Зоран Миливојевић