Зошто губењето на контрола може да ве направи посреќни?

од  |  0 коментари

Човечките суштества имаат длабока желба за сигурност и контрола.

Неколку студии покажаа дека оваа потреба служи во насока на исполнување на две цели: прво ни помага да веруваме дека можеме да ги обликуваме крајните резултати на настаните во насока која ја посакуваме, колку повеќе контрола имаме толку поефикасни се чувствуваме при постигнувањето на крајните резултати кои ги посакуваме и го добиваме чувството на компетентност кое ја подoбрува нашата комплетна состојба..

Контролата прави да се чувствуваме убаво затоа што не уверува дека не сме под ничија туѓа контрола. Во истражување спроведено во дом за возрасни лица, истражувачите на едната група на испитаници им дале можност да изберат кое цвеќе ќе го одгледуваат во својата соба и кои филмови ќе ги гледаат, додека пак другата група не добила можност сама да избере кои филмови ќе ги гледа и кое цвеќе ќе го има во својата соба. Во периодот од 18 месеци од времетраењето на ова испитување забележано е дека кај групата која била контролирана, стапката на смртност била двапати повисока за разлика од групата која имала контрола врз двете одлуки.

Лицата кои имаат поголема потреба од контрола секогаш имаат тенденција да постават долгорочни и реални цели и целат кон поголемо достигнување.
Дали потребата од контрола може да не oднесе ‘’предалеку’’?
Дали потребата од контрола може да ја надмине потребата од среќа?
Потребата од контрола е добра особина, меѓутоа само до одреден степен, доколку ја надминеме таа точка потребата за контрола може да не направи несреќни.

Зошто контролата врз другите креира конфликтни ситуации?

Запрашајте си го себе си следното прашање: ‘’како е да се биде под нечија туѓа контрола?’’
Замислете дека сте во брак со лице кое има преголема потреба за контрола.
Кога се чувствуваме контролирани од страна на другите често знаеме да покажеме отпор на таа ситуација и бунтовност.

Психолозите оваа состојба ја нарекуваат реактанта на квалитетот: желбата да се прават нешта кои се наметнати и препишани.
На пример желбата да ја контролирате исхраната на својот партнер може да предизвика контрадикторна појава на консумирање на нездрава храна во обилни количини- со цел покажување на револт.
Во возрасните врски, можете да ја имате контролата врз однесувањето на партнерот или да ја имате неговата(нејзината) љубов и разбирање- но не и двете.
Љубовта е фундаментална потреба за секој од нас, па затоа преголемата контрола може да биде пресудна за отсуство на среќа од врската.
Постои тесно поврзана причина зошто преголемата контрола над другите влијае директно врз чувството на среќа: резултира во т.н ‘’моќен стрес’’ односно тенденција да сме лути и фрустрирани кога другите не се однесуваат на начин на кој ние сакаме тоа да го прават во согласност со психологот David McClelland.
Друга причина зошто контролата влијае врз среќата исто може да се пронајде и одлуките кои ги донесуваме. Најдобрите одлуки најчесто се прават кога сме опколени и изложени на влијанието на најразлични погледи и инпути, затоа е многу важно постојано себе си да се окружуваме со луѓе со различна позадина , мислење и искуство.
Кога сакаме да ги контролираме другите донесувањето на одлуките може да биде доведено во прашање затоа што во ваквите состојби знаеме да ги оттурнеме од себе другите кои не се согласуваат со нашето мислење.


Зошто опсесивната потреба од контрола влијае врз нашата емоционална состојба?

Барањето на контрола е начин на кој се вежба и самата контрола. Можеме да испробаме да ја контролираме надворешната средина и настаните во животот. Кога сакаме да ги контролираме резултатите често не можеме себе си да се направиме среќни а тоа право исто им го ускратуваме и на другите околу нас.
Контролирањето на крајните резултати не е исто со склоност и постигнување на целите во животот како упис на добар факултет или потреба за љубовна врска. Целите може да не направат посреќни, но опседнатоста со постигнување на одредени цели може да ве контролира вас. Реномираниот професор Robert Vallerand од Université du Québec à Montréal оваа тенденција ја опишува како ‘’ опсесивна пасија’’.

Животот е преполн со несигурности, потребата во голема мера да се има контрола врз крајните резултати од поставените цели може да придонесе кон чувство на разочараност.
Животот не често се движи во планираната насока и тоа се случува многу често затоа доколку често имате преголема желба за контрола врз некој настан, ете  на пример да добиете одредена нова работа оваа желба не само што ќе ве направи помалку среќни, туку може и да ве натера да жртвувате други нешта со цел да бидете повторно среќни.
Во истражување на група на психолози (Vallerand, et all) чувството на опседнатост околу некој краен резултат покажало дека има негативен импакт не само на емоционалното и физичкото здравје туку и на врските.

Дали губењето на контрола може да ве направи посреќни?
Научете како да ја цените наместо да ја избегнувате несигурноста во животот. Ова најлесно може да го постигнете преку признавање на важноста на несигурноста во животот.
Ова често го правиме кога избегнуваме да читаме критики кои би ни го намалиле задоволството од гледање на филмот пред да одиме во кино на пример.

Да земеме едно доста важно истражување од психолошка гледна точка за да го разјасниме овој пример.
Истражувачите им кажале на учесниците во истражувањето дека ќе добијат еден долар. Едната група била замолена да замисли зошто би го добила тој долар откако ќе го добие, а другата група на испитаници потребно било да замисли зошто нема да ја дознае причината зошто го добила доларот. Двете групи потребно било да го нагласат и степенот на среќа кој ќе го почуствуваат откако ќе им биде подарен доларот.
Првата група која очекувала дека ќе ја дознае причината имала резултати кои укажале на повисок степен на среќа.

Тodd Kashdan, автор на книгата Curious?, истакнува дека она што го мислиме придонесува кон задоволство – во случајот сигурноста и контролата .

Преземање на контрола

Кога несигурноста е важна за да бидеме среќни зошто чувствуваме аверзија кон неа?
Иако несигурноста е добро нешто кога станува збор за позитивни настани, не е добра насока кога станува збор за негативни.
Само кога чувствуваме дека животот ни е под контрола, барем кога се работи за важните нешта како здравје, врски и финансиска сигурност само тогаш умееме да ја цениме несигурноста.

Иако сите овие примери укажуваат барем во теорија како да си дозволиме понекогаш да бидеме водени и од несигурноста со цел да ја намалиме желбата за постојана контрола и да бидеме посреќни, сепак можеби и најдобриот начин да го направиме ова е да се насочиме кон контрола на самите себе наместо на околностите и нештата околу нас.
Внатрешна контрола значи дека клучевите за сопствената среќа ги имаме во сопствените раце, значи и преземање на одговорност за сопствената среќа, значи и баланс во многу полиња, значи и здрава исхрана, подобро спиење, работење на подобри врски…

Потребно е да прифатиме дека не можеме да ги контролираме туѓите чувства и одлуки, но затоа пак можеме да преземеме одговорност за сопствените одлуки и добро состојба.