Брачен пораз или брачна криза ?

од  |  0 коментари

Во денешно време да се биде во брак или врска претставува вистинска уметност но воедно и вистински предизвик.
Се изборивме за нови можности, права, либералност во односите па и покрај тоа и понатаму се соочуваме со одредени тешкотии, сега можеби е и потешко од кога и да било да се пронајде партнер со кој би можеле да бидеме вистински среќни, исполнети и свои. Овој проблем мора да се погледне од нов агол, што подразбира работа на себе и учење кое ќе ни овозможи да бидеме задоволни со себе и својот партнер.


‘’
Блиски непријатели’’

Во последните години на светски рамки но и во нашето окружување се случува пораст на бројот на разводите.
Стручњаците овој тренд го објаснуваат со тоа што во денешно време социјалните притисоци поради кои многу дисфункционални бракови опстојуваат се сведени на минимум.
До средината на минатиот век, улогите на мажите и жените биле јасно дефинирани.

Секој партнер знаел што се очекува од него или неа. Постоеле ”машки” и ”женски работи”. Ако секој партнер исполнувал се што експлицитно се очекувало од него, постоеле добри шанси бракот да опстои. Дури и личните особини на личноста порано биле и пропишани.
Мажот требало да биде силен, тивок и одмерен, тој имал улога на некој кој помагал низ домот и бил заштитник на домот. Жените требало да се добри готвачки, домаќинки и верни на сопругот. Секој од брачните партнери имал своја социјално дефинирана улога. Со технолошките промени и женското движење, во овие класични улоги на брачните партнери до денес настанаа бројни промени на статичките и традиционалните улоги во семејстото.

Бракот денес е сложена заедница.
Денешниот брак може да се сочува само со добра емоционална поврзаност на паровите. Без социјални прописи и притисок, денешниот брак е препуштен исклучиво на неговите актери. А за во овој тип на брак да се постигне чувство на среќа и исполнетост, партнерите потребно е да се познаваат себе си доволно добро и со своите заеднички сили да работат на својот брак и без страв да побараат дополнителна помош во вид на советување при соочување со проблеми.

Кризи во бракот- биолошка природа на односите во бракот
Двата различни емоционални светови кои постојат кај паровите чиј брак е во криза, воглавно се и последица на разликите кои постоеле уште од самото рано детство. Како растат, децата учат начини со чија помош може да се справат со емоциите. Девојчињата се во предност, покажуваат истражувањата, затоа што родителите, посебно мајките, поминуваат многу повеќе време во разговор од емоционална природа,  опишувајќи им ги своите емоции околу најразлични состојби на своите ќерки. Поради ова,  девојчињата во поголемиот број на случаи пред момчињата развиваат способност за јазично изразување на своите емоции, поискусни се и повешти при изразувањето на своите емоционални состојби. Големи разлики настануваат со влезот во пубертет кога девојчињата не реагираат веќе со агресија, како момчињата кога ќе почувствуваат лутина. Тогаш тие стануваат повешти во суптилното одбивање, и индиректна ‘’освета’’. Девојките така имаат изразено чувство за заедништво додека пак момчињата се осамени и горди, одлучни и независни. Покасно машите се плашат од губењето на независноста, а жените од губењето на пријателството. Во текот на разговорот, мажите сакаат да разговараат околу проблемите, а жените сакаат да остварат емоционална врска.

Кај мажите комуникацијата е многу битна во додворувањето, додека пак во бракот не ја гледаат како извор на блискост.
Жените во бракот често влегуваат зрели за улога на емоционални водичи (таа своја улога ја вежбале уште од своето детство), а за чуство на задоволство во бракот неопходна им е добра комуникација.

Една од причините за распадот на браковите не се само проблемите кои се појавуваат во секоја врска туку начинот на кој сопружниците гледаат на нив и пробуваат да ги решаваат/ не решаваат.
Грешки во бракот: критика и презир

Острата критика е прв алармен знак за односите. Честите критики кои се кои се кажуваат при лутина се гледаат како напад на сопружникот. Забелешките како одлика на емоционално интелигентното однесување, се критики за нештото кое партнерот го направил, додека пак критиките на личноста на партнерот предизвикуваат чувство на срам, слабост и потценување.  Ваквиот начин на однесување доведува до заземање на обрамбен став а не до помирување, па расправата се продолжува наместо да се заврши со некакво решение на проблемот.

Презирот како исклучително деструктивна емоција, неретко се јавува по критиката на личноста. Се изразува пред се со промена на тонот на гласот и со изразување на лутина. Многу лесно може да се препознае во изразот на лицето, затоа што доведува до контракции на мускулите кои ги затегнуваат краевите на усните додека пак погледот е упатен нагоре.
Кога некој од партнерите има ваков израз на лицето, другиот партнер често има повисок пулс.
Постојаната критика и презирот се знаци за опасност. Нападнатиот партнер со овие емоции ќе се соочи преку реакцијата ‘’бори се или бегај’’. Доколку го возврати ‘’ударот’’, расправата ќе се заврши со викање и кавга, меѓутоа ниту пак повлекувањето односно бегањето од ситуацијата не е добар избор, ако под ова се подразбира молчење. Крајната одбрана од нападот е инает. Инаетот испраќа силна порака која во себе содржи оддалечување, супериорност и ненаклонетост.

”Токсични мисли ”

Aron Bek, основачот на когнитивната терапија укажал на значењето на паралелната конверзација (она што се кажува и она што се премолчува) – која се јавува во бракот. Според него, суштината на емоционалните проблеми се автоматските мисли. Тоа се моментални, непостојани и потсвесни претпоставки за себе и другите, а се јавуваат како одраз на нашите најдлабоки емоционални ставови. Во браковите во криза се јавуваат типични обрасци на мислење : чувства дека сте невина жртва или пак дека со право се чувствувате лошо и се лутите.  Доколку овие мисли станат автоматски, тие се повторуваат, а во однесувањето на партнерот се бара она што ќе ја потври нашата позиција. Ваквите мисли нам не ни дозволуваат вистински да ја сослушаме другата страна.
Се однесуваме како да сме програмирани само за одредени зборови или однесување и кога ги слушаме тие зборови реагираме агресивно и непријатно без оглед на сме што партнерот рекол претходно или пак направил.

Оптимизам/Песимизам и брак

Доколку не постојат чувства на огорченост и загрозеност, брзо ќе се најде решение за несогласувањата и однесувањето на другата страна ќе се објаснува со поголема добронамерност.Оптимизмот е позитивно сфаќање и гледање на светот а со самото тоа и врската во која се наоѓаме.
Да се биде оптимист значи да се гледа реалноста во најдоброто светло, да се бара вредност и смисла во се околу себе и да се има волја за живот. Покај ова оптимизмот подразбира увереност дека нештата ќе се одвиваат онака како што ние сакаме и дека успехот со сигурност ќе дојде. Моќта на оптимизмот може да се сфати и пошироко. Доколку веруваме во своите способности би можеле да влијаеме партнерот да биде подобар но и ние самите да бидеме подобри од она што сме. Верувањето во своите способности ги зголемува истите. Да се биде оптимист во врската или пак бракот ги зголемува шансите за исполнет и среќен живот во заедништво.
Песимизмот доведува до огорченост во врската која оптимизмот умее да ја смири.

Оптимистите на несигурностите гледаат како на околности кои може да се променат

Најагресивниот вид на токсични мисли се јавува кај мажите кои ги злоупотребуваат своите жени. И најобичните реакции на сопругата тие ги објаснуваат како непријателски и така го оправдуваат насилството. Овие мажи посебен страв чувствуваат од одбивање и понижување, и на секоја назнака на такво однесување реагираат импулсивно и агресивно.


Презаситеност- “брачен пораз”
Презаситеноста е израз кој означува постојана подложност на негативни емоции. Презаситените партнери имаат негативен став спрема партнерот и се опседнати со неконтролирани и застрашувачки чувства. Тие сакаат да го запрат текот на нештата, да побегнат од се, не се во можност правилно да ги слушаат нештата и склони се на реакции кои се ‘’примитивни’’. Лицата често ги обземаат силни емоции, конфузни мисли, често кај нив не постои можност да заземат друг став или пак да ги разрeшат нештата разумно.

Иако повремените караници помеѓу сопружниците се манифестираат на сличен начин, презаситеноста трае долго време. На било која акција партнерот реагира претерано и често ги повредува чувствата на другиот. ‘’Преоптоварениот партнер ‘’ не гледа излез од проблемите и начин на кој нештата би можеле да се разјаснат. Сопружниците за да избегнат разговори кои во таа состојба се бесмислени, почнуваат да живеат одвоени животи, се чувствуваат осамени а последниот чекор во ваквите случаи е развод.

Мажи: чувствителен пол

Истражувањата на парови кои се во брак 30 па и повеќе години покажуваат дека и понатаму постојат разлики во односот на емоционалните расправи. Жените не се плашат да започнат брачни расправи, додека пак мажите ги сметаат истите за непријатни и решаваат да не дозволат истите да ги вознемируваат. Мажите се склони на презаситеност од негативни емоции и бурно реагираат на критиките на своите сопруги. Поради ова, мажите се склони на повлекување (со цел да се заштитат себе од презаситеност). Тие се повлекуваат во себе и на тој начин се заштитуваат. Различни начини за барање на утеха во нештата, доведуваат до различни перспективи на емоционалните конфликти. Жените ги посакуваат, додека пак мажите се обидуваат да ги избегнат.

Брачен совет

Погледнавме што вистински може да го упропасти бракот.
Прашањето кое сега би си го поставиле е што треба да направиме за да го зачуваме бракот?
За почеток, потребно е да се прилагодиме. Мажите би требало да не избегнуваат конфликти, туку да пробаат да ги сфатат како начин за одржување на здрава врска. Забелешките кои жените ги прават, добро е да се решат пред да се натрупаат а со тоа да се зголемат и предизвиците во бракот. Иако можеби така изгледа, женскиот напад не е напад на личноста на мажот (барем не во поголемиот број на случаи). Посилниот пол не би требало да нуди практични решениjа туку да учeствува во разговорите за чуvствата на сопругата, без разлика дали се согласува или не со истите. Советите за жените скоро се исти. Не треба да ги напаѓаат мажите , туку она што го направиле. Нападот може да биде замерка но не и критика или пак презир.

„Корисна расправа“

Брачните расправи се можност да се примени емоционалната интелигенција. Во текот на кавгата, битно е партнерите меѓусебно да се сослушаат, и секој да добие можност да го каже своето мислење. Овој чин на емпатија ќе ја намали напнатоста. Големиот број на емоционални вештини како способноста за смиреност, емпатија и активнo слушање, може да обезбедат корисно решавање на несогласувањата со партнерот. Ова обезбедува ‘’корисни расправи’’кои ќе ви помогнат да ги подобрите вештините и да живеете посреќен и поисполнет брачен живот.

“Смирување”

Вештината која паровите ги одржува заедно е слушањето. Паровите пред развод чувствуваат силен бес и поради тоа не можат целосно да ја сослушаат другата страна. Обрамбениот став во таквите случаи станува вид на игнорирање и на секоја зaбелешка се гледа како на напад. Дури и ако двата партнери се вознемирени, тие можат меѓусебно да се сослушаат еден со друг, да ги согледаат своите грешки и да му дадат на партнерот до знаење колку им е проблемот значаен.

 

Извор: mojpsiholog