Зошто вашето дете пцуе и кажува вулгарни зборови?

од  |  0 коментари

Многу од родителите се соочуваат со овој проблем. Децата и тинејџерите денес се позачестено користат пцовки – не се и вашите деца единствените кои го прават тоа.

Децата користат вулгарни зборови со причина.
Не го користат тоа за да направат хаос, да влезат во неволја или пак да бидат груби. Тие тоа го прават поради причини за кои не често и ние родителите размислуваме.
Кога детето ќе започне да користи пцовки и на училиште и дома секогаш кога е вознемирено апсолутно му е потребно одредено внимание кое чувствува дека не го добива.

Ова се дел од причините зошто децата користат пцовки:

  1. На детето потребно му е вашето внимание.
    Кога детето користело пцовка вие сигурно сте го чуле, погледнале па и реагирале на истата. Детот го добило тоа што го сакало- вие сте реагирале. Можеби се чувствувало фрустрирано или пак не можело да се справи со одредени емоции па од таму се појавила и потребата за користење на некој лош збор. Децата често за да привлечат внимание глумат одредено однесување кое ќе го привлече вниманието на родителот.

    Совет: седнете и разговарајте што го мачи вашето дете.
    Што чувствува? Можеби е ова знак дека му е потребно вашето внимание и поголема посвета во слободното време.

  2. Пцуењето го начиле од вас или некој близок.
    Да, родителите може да бидат и лош пример кој децата незнаејќи сакаат да го копираат. Она што го правите – го повторуваат и тие. Децата на своите родители гледаат како модели за нивното однесување и тежнеат да бидат како своите родители. Она што го слушаат го кажуваат. Бидете внимателни што кажувате околу нив затоа што тие се како сунѓери- го ‘’впиваат’’ секој коментар и однесување.
  3. Детето сака да се вклопи
    Ова се однесува и на децата и на тинејџерите. Често слушаме од родителите дека децата вулгарните зборови ги научиле од своите врсници. Како што децата земаат примери од своите родители тие земаат примери и од своите врсници. Се што им е интересно – тие сакаат да бидат дел од истото. Тие сакаат да се вклопат во друштвото и да се забавуваат. Поголемиот дел од времето, немаат ни идеа кое всушност е  значењето на зборот кој го користат иако знаат дека е лош збор. Тие го користат само затоа и другите го користат и затоа што им се допаѓа чувството дека некаде припаѓаат.
    4. Детето имаат проблем да се изрази што чувствува
    Ова е најголемата причина зошто децата користат пцовки. Децата сеуште ја формираат својата емоционална природа и разбирање на нештата и концептите. Тие учат што се емоциите и чувствата и често се измачуваат со пронаоѓањето на начин на кој ќе го изразат она што го чувствуваат.

    Совет: кога се соочувате со ваков проблем,може да креирате картички за чувства од кои вашето детенце може да избере и да ги каже на глас. Секоја од картичките нека биде означена и со некој за детето разбирлив симбол кој ќе биде синоним за чувството.

    (пример: среќа: сонце, тага: облаче со дожд..)

    Следниот пат кога вашето дете ќе каже лош збор пробајте да ја разберете причината зошто во моментот се случило истото,можеби во моментот потребна му е прегратка, малку внимание или пак потребно му е да пронајде зборови со кои би ги изразило своите емоции.
    Избегнете да го казнувате детето секогаш кога ќе користи пцовка за да се изразува и пронајдете начин за подобро да започне да ги изразува своите емоции.