Брошевите и панделката секогаш се во мода

од  |  0 коментари

Можеби последниот пат сте го виделе брошот на реверот од сакото на Вашата баба. Вашата мајка никогаш го нема носено, а Вие веројатно се прашувате дали брошот денес воопшто се применува? Благодарејќи на деталите како што е брошот или пак панделка, ќе бидете посебни и единствени, но исто така ќе се вратите на некои стари и заборавени работи. Изгледот на облеката несомнено ќе ја освежете со симпатични детали како што се панделка или брош.

Брошот на баба – тргнете ги настрана брошевите кои веќе ги имате. Извадете ги брошевите од старите кутии за накит, а тие за возврат ќе Ви дадат посебен блесок на Вашата облека. Сребрениот брош, на пример се сложува со сите бои. Доколку најдете еден таков, не морате да ги трошете парите и да купувате некој друг. Тој совршено ќе прилега со секоја боја, па можете да го носите во различни прилики, како во свечените така и во опуштените. Играјте се. Не морате да го закачите брошот како што некогаш се носел на кошула, блуза или реверот од сакото. На некои невообичаени места како што е појасот на фустанот,  брошот убаво ќе одговара. На тој начин ќе покажете дека не патите по модните трендови и дека креативноста секогаш е во мода.

Направете сами панделка – можете да ги купите веќе готови панделки во различна боја. Во секоја продавница за метража, постојат свилени, сатенски или панделки од некоја друга ткаенина. Значи достапни ни се, по многу поволна цена. Можат да се користат на многу начини. Можете да ги врзувате околу струкот наместо колан, околу рака или врат. Што и да направите ќе бидете забележани.