Правилата кои се важни кога носете црна гардероба

од  |  0 коментари

Црната гардероба отсекогаш преставувала синоним на елеганција и гламур, со неа никогаш нема да згрешите, се носи со децении, и најверојатно никогаш нема да излези од мода. Но исто така многу е важен материјалот, одржување и комбинирање на црната гардероба.

Еве неколку правила кои треба да ги знаете и практикувате:

Волна – волнена облека и гардероба во црна боја секогаш ќе изгледаат уште поцрно отколку од оние кои се од памук, бидејќи волната подобро ја впива црната боја. Кога купувате црни панталони или џемпер секогаш држете се до волнени материјали. Исто така волна не бледи со текот на време, како што се случува со памукот.

Комбинирање на црна боја – без разлика на материјал, нијанси на црна боја можат да бидат различни, па затоа бидете внимателни кога се облекувате потполно во црно. На пример кога ја носете црната кошула со црни панталони, кошулата можи да има лилав или црвен отсјај, додека панталоните можат да имаат кафеава нијанса. Овие разлики се мали, но во исто време многу важни.

Внимателно со памучна гардероба – кога станува збор за памучна гардероба, треба да се знае дека таа брзо побледува. Затоа, кога купувате, на пример, црна памучна кошула или блуза, земете некоја која има малку ликра во себе. Синтетичките влакна овозможуваат да памукот подолго ја задржи бојата. Се препорачуваат кошули од памук кој е обработен со мерцеризација, односно со натриум-хидроксид.

Материјали со различна структура и текстура  – постои погрешен и исправен начин на носење на црна облека. Битно е да носите различни материјали и текстури. На пример волнен џемпер со глатки панталони. Со ова комбинација ќе изгледате поелегантно. Ако ги споите различните материјали, нема да изгледате како да сте во униформа.

Одржување – на црна или темна облека се применува суво чистење. На тој начин бојата нема да се испери. Ако треба дома да ја перете црната облека од памук, во првото перење турете шолја киселина во вода. Исто така темните работи секогаш перете ги во ладна вода.

Решете се од износена облека – кога некоја црна облека од Вашиот орман избледи или е искината, не дозволете да ви одзема место, фрлете ги!