Брзо до блескав тен

од  |  0 коментари

За блескав тен потребно е да издвоите само малку време за себе и да најдете неколку намирници кои веќе се наоѓаат во Вашата кујна.

Хранлива маска

Состојки: мед, лимон

Неколку лажици мед истопете на пареа, измешајте со малку сок од цеден лимон. Смесата мешајте ја неколку минути, за да се олади. Оставете ја да поседи на лицето 10 минути, а потоа измијте го лицето со студена вода.

Маска од квасец и сирење

Сува и осетлива кожа бара дополнителна влажност, па е потребно маската за ваква кожа да биде влажна за да не ја иритира кожата.

Состојки:

2 коцки свеж квасец

1 лажица свежо сирење

1 лажица мрсна крема

Квасецот, сирењето и кремот измешајте ги и нанесувајте ги на влажното лице. По 10-15 минути измијте го лицето со млака вода.