Храна која ги избелува забите

од  |  0 коментари

Постапката на избелување на забите во ординациите чинат многу пари, но доколку саката да ја вратите белината на Вашите заби тоа можете да го направите сами на природен начин. Се што Ви е потребно, најверојатно имате во своја кујна …

Сода бикарбона

Освен што ја избелува гардеробата кога ќе ја додадете во прашок за перење, содата бикарбона ќе ги избели и Вашите заби. Ставете ја на четчето за заби и измијте ги забите. Имајте во предвид да ова не го правите премногу често, најмногу еднаш во неделата.

Целер

Целерот во главно се состои од вода, а џвакањето на ова намирница ќе го исчисти талогот кој се создава на забите и ќе поможи во отстранување на бактериите.

Јаготки

Јаготките исто така можат да помогнат во избелување на забите, џгвакајте ги една минута а по тоа исперете ја устата со вода и измијте ги забите со паста која содржи флуор. Ова овошје содржи влакна кои ќе ги исчисти бактериите од устата и забите.

Агруми

Агрумите обилуваат со витамин Ц кој помага во отстранување на бактерии од устата. Можете и сами да направете природна паста за заби со кора од портокал, листот од ловор и малку вода. Лимонот исто така ќе биде одличен сојузник во избелување на забите. Сокот од лимонот разредедете го со вода и со таа течност измијте ги забите за да имате поубава насмевка и свеж здив. Но, не го правете ова повеќе од еднаш неделно како забите не би се оштетиле

Забите со текот на времето ја губат белината поради храната која ја внесуваме во организмот, бактериите кои се настануваат во устата, но и поради некои нездрави навики – пушење.