Често лошо расположение и отсуство на среќа или дистимија?

од  |  0 коментари

Како си го објаснувате долгорочното траење на следните симптоми: честото лошо расположение, долгорочното чувство на тага, непријатност, нерасположение, губењето на интерес за работите кои ве правеле среќни или се дел од вашето секојдневие, отсуството на радост и среќа во животот, отсуството на задоволство,  постојаниот песимизам,  преокупираност со минатото, тешкотиите при донесување на одлуки и чувството на безнадежност?

Хроничната депресија или дистимиjа се карактеризира со долгорочно депресивно расположение. Симптомите на депресијата можат да траат долг временски период до две или повеќе години. Лицата кои патат од дистимија обично можат да функционираат сосема нормално но многу често се чувствуваат несреќно, но тоа не ги прави неподложни на епизоди на тешка депресија во текот на нивниот живот.

Што ја предизвикува дистимијата?

На ова прашање не постои конкретен одговор. Најчесто се поврзува со промените во мозокот и лачењето на серотонинот – хормонот за среќа, неуротрансмитерите  кои мозокот ги лачи во борбата со емоциите. Стресорите, хроничните болести, лековите и проблемите во интерперсоналните односи на приватен и професионален план исто така имаат големо влијание врз појавата на дистимија.
Како се дијагностицира оваа појава?

Психијатарот генерално дава дијагноза на основа на симптомите кои некое лице ги има. Во случајот на дистимија, овие симптоми ќе траат подолг временски период и се манифестираат со послаб интензитет за разлика кај пациентите со кличничка депресија.
Кај хроничната депресија, најпрво се утврдува дали симптомите се последица на болест поврзана со одредени зависности или пак некои телесни болести како хипотироизам кој кај пациентите се манифестира со симптоми кои наликуваат на дистимија, односно предизвикува значаен клинички дистрес или намалено функционирање на  различни области (социјални, професионални и сл).
Доколку сте депресивни и тие симптоми траат подолго од две недели посетете го својот лекар или психолог.

Како се лекува дистимијата?

Дистимијата болест која успешно се лекува . Како и кај секоја хронична болест, раната дијагностика на болеста и лечењето можат да го намалат незиниот интензитет, траење и симптоми.
Најдобар начин за лекување на оваа болест е преку психотерапија (советување) а кај потешките случаи се пристапува и кон медикаменти.
Одредувањето на точна дијагноза и ефикасна терапија е голем чекор за личноста која пати од хронична депресија да се чувствува подобро.

Промената на навиките, полеток на здрав начин на живот кој вклучува балансиран начин на исхрана, редовно вежбање, избегнување на алкохол и цигари, одржување на добри односи со пријателите и членовите на семејството и поддршка се само дел од помалите чекори кои треба да се превземат за оваа болест да се стави под контрола. Позитивните навики се важни не само за подобрување на расположението туку и поради чувство на комплетна благосостојба која секое човечко суштество е потребно да ја чувствува.

Извор: https://depresija.net/