Когнитивно- бихејвиорална терапија за справување со анксиозност

од  |  0 коментари

Когнитивно- бихејвиоралната терапија (CBT) е најчесто користената терапија за справување со анксиозни пореметувања. Оваа терапија наоѓа и своја примена при ефективни третмани на многу состојби помеѓу кои и третман на панични пореметувања, фобии, социјална анксиозност.

Овој пристап негативните ‘’шеми на однесување’’ и  нарушувања ги гледа од перспективата од која ние го набљудуване светот, а и самите себе.

Когнитиваната терапија испитува како негативните мисли влијаат врз анксиозноста, а бихејвиоралната терапија пак го испитува начинот на кој се однесуваме и реагираме на ситуациите кои се тригери односно влијаат врз појавата на анксиозноста.

Нашите мисли а не и настаните кои се случуваат во нашата околина односно екстерните настани се оние кои влијаат на начинот на кој ние сечувствуваме.
Анксиозноста е често предизвикана од мислите и стравовите кои ги имаме за нештата, затоа во основата на оваа терапија се крие и самата суштина на генералниот проблем со перцепцијата на анксиозноста- ситуациите не се оние кои го детерминираат начинот на кој се чувствуваме, туку нашата перцепција на нештата и ситуациите.
Utah-Cognitive-Behavioral-Therapy

Пример: вашиот партнер ве изненадува со купување на авионски карти за летен одмор.
Колку мисли ќе имате во својата глава во моментот?

Да разгледаме 3 различни начини на кои луѓето размислуваат при вакво сценарио и како нивните мисли ќе влијаат врз нивните емоции..

 

Мисла#1: Ова патување звучи одлично, со сигурност ќе уживаме заеднички во оваа авантура!

Емоции: среќа,возбуда

Мисла #2: Не би можела да патувам со децата. Подобро е да одиме на некоја поблиска дестинација додека се помали.

Емоции: неутрални

Мисла #3: Никогаш не би можела да летам со авион, од самата помисла градите ме стегаат, не би можела да преживеам лет со авион.

Емоциианксиозност, тага,негативни емоции

Еден настан кај различни лица може да води до најразлични емоции.

Емоциите зависат од индивидуалните очекувања, ставовите и верувањата.
Кај лицата со анксиозно пореметување,негативниот начин на мислење само го поттикнува создавањето на негативните емоции, анксиозноста и стравот. Целта на когнитивно- бихејвиоралната терапија за случаите на анксиозност е да ги идентификува и корегира овие негативни мисли и уверувања.

“Доколку го промените начинот на кој мислите, ќе го промените и начинот на кој се чувствувате’’!