Постпородилна – постпартална депресија

од  |  0 коментари

Постпарталната постпородилната депресија (PPD)е комплексна мешавина на физички, емоционални и бихејвиорални промени кои се случуваат кај дел од жените по пораѓајот.

Постпарталната депресија поврзана е со појавата на нови хемиски, социјални и психолошки промени.
Хемиските промени вклучуваат брз пад на хормоните по пораѓајот.
Врската помеѓу депресијата и падот на  хормоните сеуште не е доволно разјаснета.  Она што е познато е дека нивото на естроген и прогестерон, женските репродуктивни хормони, повеќе кратно се зголемуваат во текот на бременоста што по третиот ден по пораѓајот нивното ниво опаѓа назад на нивото на кое се наоѓале пред зачетокот на бременоста.

Кои се симптомите на постпородилна депресија?

Симптомите на постпородилна депресија вклучуваат промена на апетитот, недостаток на сон, чувство на преголем умор, намалено либидо, и чести промени на расположението. Оваа состојба е пропратена со симптоми на депресија – депресивно расположение, губење на чувството на среќа и задоволство, чувство на безнадежност, беспомошност и ‘’црни’’ мисли.When-baby-brings-the-blue-011

Какви облици на постпородилна депресија постојат ?

Постојат три облици на промена на расположението на жената по пораѓајот:

* “Baby Blues ”- се појавува кај поголемиот дел од жените по пораѓајот и често се смета за нормален. Новата мајка има нагли промени на расположението како чувство на среќа кое често се променува во чувство на тага. Мајката може да плаче без причина , да чуствува нестрпливост, раздразливост, немир и вознемиреност, осаменост и тага. Оваа состојба може да трае од неколку часа или една до две недели по пораѓајот. Често доволен е разговор со најблиските со цел надминување на оваа состојба.

* Постпартална (постпородилна) депресија може да настане по неколку дена или месеци по пораѓајот. Постпарталната депресија може да се појави по раѓањето на секое дете , не само по раѓањето на првото. Жената доживува симптоми слични на “Baby Blues ”- тага, очај, несреќа, раздразливост, немир – но мајката ги чувствува овие симптоми со висок интензитет. Доколку не започне терапија за лечење на овие симптоми, истите може да траат подолг период (околу една година).

* Постпородилна психоза претставува сериозна болест која може да влијае доста врз квалитетот на животот на една здрава мајка. Оваа болест може многу брзо да се развие, често во првите три месеци по пораѓајот. Најчести симптоми се губење на допир со реалноста, слушни халуцинации (слушање на гласови кои не постојат), делузии (верување во ирационални нешта), визуелни халуцинации (гледање на нешта кои не постојат) помалку се вообичаени при оваа состојба но не се исклучок.
Покрај овие симптоми се јавува исто и несоница, вознемиреност, лутина, чудни нови однесувања и нестабилни емоции. Оваа состојба потребно е брзо да се лекува со медикаменти и психотерапија.
При тешки случаеви, пациентите е потребно да се хоспитализраат со цел спречување на самоповредување или повредување на другите.
stressed-mother-holding-baby-nursery (1)

Дали постои начин на кој може да се спречи појавата на постпородилната депресија?

Еве неколку совети кои можат да помогнат при спречување или да им помогнат на новите мајки со цел спречување на постпородилна депресија:
* Побарајте помош од партнерот и најблиските во своите обврски

  • Бидете реални во вашите очекувања во врска со бебето и себе
  • Вежбајте повеќе , често излегувајте од дома и
  • Очекувајте добри и лоши денови како мајка
  • Хранете се балансирано и избегнувајте алкохол и кофеин
  • Имајте чест контакт со своето семејство
  • Најдете време за партнерот
  • Најдете време да се одморите додека бебето спие

Кога е потребно новата мајка да побара стручна помош?
Кога:

• симптомите траат повеќе од две недели

  • Кога не е во состојба нормално да функционира
  • Кога не може да се справи со секојдневните ситуации
  • Кога има црни мисли и мисли на најлошото
  • Кога се чувствува вонемирено, уплашено, нервозно