Чевлите низ историјата

од  |  0 коментари

Како ли човештвото премина од босо одење до индустрија која произведува голем број на различни стилови на обувки за големи и мали?
Па секако чекор по чекор…

Производството на првите чевли започнало уште 40000 години пред нашата ера во средината на ерата на Палеолитот кога човекот сакал да ги заштити своите стапала со чевли од лошите временски услови.

2500 години пред нашата ера Индијанците започнале да ги украсуваат своите стапала со прстени за прстите на ногата, бразлетни за глужд како и тетоважи за стапала.

Во 300 тите години од нашата ера, во античка Грција и Рим, луѓето започнале да носат различни типови на обувки за различни временски услови како и ситуации.

1100 од нашата ера за време на ерата на витезите се носеле заштитни обувки кои имале улога на штит. Тие имале улога да ги заштитат нивните стапала од долгите патувања, лошите временски услови.

Модата во индустријата на производство на чевли започнува во Франција во 1600 години, кога жените започнале да носат високи потпетици. Тие биле толку високи што за да се качат но и симнат од овие чевли на жените од благородништвото потребна им била барем една куќна помошничка.


Во перидот од 1892-1913 година во Америка произведени сте првите патики, а во 1970 година светот се запозна со нејзиното височевство – чевлата на патформа.

Во 1982 година Мichael Jacson го брендира посебниот тип на чевли наречени антигравитациони чевли за танцување.

Денес револуцијата на развојот на чевлите  продолжува во насока на уште поудобно чекорење.
Од платформи, до мокасини, сандали, чизми – индустријата за производство на обувки секојдневно произведува се поквалитетни обувки и се подобрува во својата работа обезбедувајќи задоволување на потребата за удобно чекорење за секоја генерација.