Маска за хидратација и освежување на вашето лице

од  |  0 коментари

Нечистотиите од шминка, сончевата светлина, стресот, неправилната исхрана, прекумереното сончање, несоодветното чистење и користење на несоодветни производи за нега на лицето доведуваат до негово сушење, појава на брчки, флеки и нерамномерен тен.

Негата на лицето особено е важна во текот на летниот период поради ексесивното зрачење на штетните УВ зраци од сонцето кои му влијаат неповолно на лицето, а и на организамот. За таа цел пиењето на 2-3 литри вода и користење на препарати за навлажнување и хидратација се круцијални во летниот период.

Краставицата е позната по својата богата содржина на вода и витамини кои делуваат навалжнувачки и хидратантно врз кожата, затоа се почесто на рафтовите во нашите омилени маркети, продавници и парфимерии наидуваме на производи за нега на лице врз база на краставица.
Поради незиното инстант- освежувачко дејство ние денес ви ја препорачуваме одличната маска за лице од краставица и незините бенефити врз вашата кожа.
cucumber_peel-off-xl-ncpo-efs_1 (1)

Состојки: Краставица, Јаглика, Јасмин, ЖенШен, Витамин Е.
Погодна за: комбинирана, нормална или масна кожа.

Маската од краставицата делува хидратантно и регенеративно и дава инстант-сјај на кожата.
Па судејќи според тоа ние се одлучивме да ја пробаме маската на 7th heaven, бренд за козметика кој според критиките е еден од најдобрите за производство на маски за лице во светот.
Маската е со грамажа соодветна за една употреба, во мало практично и привлечно пакување.
За разлика од другите маски  конзистенцијата на оваа природна маска е одлична и богата, а мирисот при првото отварање на пакувањето е одличен и свеж и потсеќа на мирис на мохито .

Маската се мачка врз претходно исчистено лице од шминка, се мача врз лицето и се остава да делува 15-20 минути (додека не се исуши) комплетно и полека се лупи од лицето.
Препорачуваме пред да ја намачкате маската да ја намачкате областа околу очите (каде што не треба да се става маската) со крема со Q10 за да добиете комплетно освежено лице.
lupenje
Ефектот по користењето на маската е одличен!! Импресионирани бевме од одличниот квалитет и мекоста и убавото и пријатно нежно чуство кое го остава при допир со кожата.
Ви ја препорачуваме да ја пробате и вие оваа маска, има релативно ниска цена што би значело дека би си можеле да си ја дозволите да ја користите еднаш неделно наместо да пиете едно мало макијато 🙂