Дали ‘’бегате’’ од своите емоции? Ова се симптомите од потиснување на емоциите

од  |  0 коментари

Некои луѓе се склони континуирано потиснување на непријатните емоции. Овој начин на управување на емоциите овозможува личноста да се чувствува подобро во моментот, меѓутоа долгорочно започнува да пројавува одредени симптоми како последица на насобраните емоции.

Дали ‘’бегате’’ од своите емоции?
Ова се дел од симптомите кои се појавуваат како последица на потиснувањето на емоциите во себе.

Слободно лебдечка“анксиозност

Анксиозноста може да биде предизвикана од голем број на различни фактори. Понекогаш тоа е стравот од соочување со неизвесноста. Понекогаш тоа е резултат на предвидување на негативните последици на некои случувања (карактеристично размислување е ‘’што ако … ова се случи’’). Доколку анксиозноста не е предизвикана од некоја специфична ситуација се појавува како недефинирана вознемиреност можно е да е производ на неизразени емоции. Секоја емоција за себе провлекува и одредена енергија. Кога ја задржуваме таа енергија во себе и не ја изразуваме, таа може да креира состојба на напнатост и  анксиозност.

Депресивно расположение

Кога ги потиснуваме чувствата на тага и жал по некоја загуба тоа може да предизвика депресија.
Плачењето вообичаено допринесува да се чувствуваме подобро така што на најлесен начин можеме да ја пребродиме смртта на некоја блиска личност, разделбата или разводот.
Некое време ќе биде болно и тешко искуство, но доколку ја изразуваме својата тага тогаш таа побрзо ќе прекине отколку кога ја потиснуваме во себе.

Депресијата пак, може да биде резултат на потиснување на бесот. Доколку чувствувате дека сте депресивни без некој видлив губиток добро е да се запрашате себе која е причината која ве прави бесни.

Психосоматски симптоми

Вообичаени психосоматски симптоми како главоболка , чир на желудник, покачен крвен притисок често се резултат на хронично неизразување на емоциите. Иако овие симптоми можат да се појават по било каков доживеан хроничен стрес, потиснувањето на емоциите на подолг времески период претставува облик на стрес кој се манифестира на телесно ниво.

Мускулна тензија

Стегнатоста и вкочанетост на мускулите е еден од највообичаените симптоми на хронично задржување на емоциите. Често имаме тенденција да стегнеме одредени групи на мускули кога сакаме да потиснеме и застанеме се што чувствуваме во себе.

Бесот и фрустрацијата вообичаено се задржуваат во мускулите на вратот и рамената. Тагата се задржува во градните мускули и мускулите околу очите. Стравот во областа на дијафрагмата, а задржаната сексуална желба  предизвикува затегнатост на карличните мускули.
Ова сепак поддеднакво не се манифестира кај сите. Еднаш кога ќе ја согледате врската помеѓу овие симптоми и неизразените емоции, битно е да пробате да го направите сосема спротивното.

Запрашајте се што чувствувам? Која е мојата примарна емоција? Што е тоа што го сакам?

Бидете во контакт со себе, запрашајте се, дозволете си себе да го чувствувате и изразите она што го чувствувате.

Извор: sensa.rs