Љубов и чувство на лична вредност

од  |  0 коментари

Некои луѓе се склони чувството на сопствената вредност да го поврзуваат со количината на љубов која ја добиле во текот на животот од страна на личностите кои ги сметаат за значајни. Поради оваа причина се случува често лицата да креираат чувство на  помала сопствена вредност или да се чувствуваат безвредно, во моментите  кога не ја чувствуваат љубовта од партнерот или кога ја прекинуваат врската.

Од каде потекнува склоноста некои луѓе љубовта да ја поврзуваат со чувството на сопствена вредност?

Оваа склоност потекнува од воспитувањето во семејството. Семејството е место каде се формираат најразлични базични ставови за себе, за другите и за светот околу нас. Родителите се единствен извор на љубов кој го имаме додека сме мали, во периодот кога љубовта ни е најпотреба и кога во потполност постои зависност од нив физички, психички и егзистенционално. Родителите со своето однесување привремено на детето се случува да му ја ускратуваат љубовта кога тоа не прави нешто кое е по стандардите на родителите, не ги почитува нивните барања или прави нешто што ги загрижува неговите родители.

Тука станува збор на класичниот систем на казнување.
Родителите често говорат: ”Биди добар или нема да те сакам повеќе..” и сл. Родителите најчесто вистински ги сакаат своите деца без разлика што и да направиле и знаат тоа да го покажат па дури и кога применуваат казни за однесувањето на своето дете поради некој одреден престап. Од друга страна постојат родители кои не умеат да сакаат и не се заинтересирани за своите деца.
Без разлика што  и да прават нивните деца, колку и да се трудат, тие едноставно не покажуваат љубов или почит спрема нив. Тоа може да биде случај на однесување на едниот или пак во полош случај и на двата родитела. Во овој случај децата се навикнуваат на отсуството на љубов и тоа сметаат дека е по нивна заслуга и често се обвинуваат себе.

Сами себе си кажуваат: ”Ако никој не ме сака знали дека не вредам , не сум доволно добар”. Тоа значи дека лицата кои не стекнале чувство на сигурен објект, подоцна сваќаат дека постоењeто на родител кој е секогаш тука, кој се грижи и го сака детето, ги прави несигурни затоа што имаат проблем со чувството на сопствена вредност.
Лицата на кои не им била давана доволна љубов, склони се да бидат несигурни, посесивни, анксиозни депресивни и да чувствуваат сомнеж во сечија љубов. Некои од овие лица склони се на зависност од партнерот и развиваат симбиотска врска во која го губат својот личен идентитет и слобода. Доколку бидат оставени склони се да чувствуваат ниска само-вредност и да западнат во депресија.

Како до ослободување од ова чувство, а воедно и товар?

Преиспитувањето на овие дисфункционални ставови и уверувања за љубовта се првиот начин на кој може да постои разрешница на овие проблеми. Овие уверувања можат да бидат невербализирани и имплицитни и кога лицата научат како да ги вербализираат и јасно да ги формулираат ќе бидат во состојба да ги преиспитаат и да ги променат. Некои од типичните ирационални уверувања кои ги имаат ваквите лица се: ”не можам да живеам без љубов, мојот живот нема смисла ако личноста XY не ме сака, тоа што сум оставен/а е само уште еден знак дека не сум сакан/а и дека не вредам, не можа да поднесам да живеам живот без љубов…. ”.

Кога ги откриваат и ги променуваат своите ирационални уверувања во љубовта, сопствената вредност и смислата на животот, лицата ја редуцираат его-анксиозноста (анксиозност која се однесува на сопствената вредност), учат како да се прифаќаат себе си и учат воедно дека смислата на животот исклучиво не може да се сведе на љубовта и односите со другите.

Извор: Ljubav i osećanje lične vrednosti,
 https://www.vaspsiholog.com/