Дали имате потреба да се однесувате како жртва во своето секојдневие?

од  |  0 коментари

Многу луѓе имаат многу активна и силна свест на жртва. Улогата на жртва во животот е многу деструктивна  и на  тоа секако треба да се обрне големо внимание. Можеби ќе го признаете дека понекогаш и вие самите ја играте  улогата на жртва или пак веројатно знаете некој што постојано ја игра таа улога за да го добие посакуваното. Доколку может да го видите и да сте свесни за ова однесување во играта, тогаш сте во можност и да го трансформирате одва однесување и да изберете друг начин.

Да се биде жртва е илузија. Таа улога прави да се чувствувате мизерно. Жртвата има потреба да биде несреќна  и ќе најде многу причини за одржување на својата  состојба на незадоволство.

Кога  ја играаме улогата на жртва, ќе речеме дека не сме виновни за сопствената  животна ситуација во која се наоѓаме, ќе кажеме дека ние не сме одговорни за тоа…

 


Тогаш кој e виновен ? Дали се тоа други луѓе? Каде е во случајот нашата животна енергија?

Да се каже дека ние не сме одговорни за вашиот живот ќе значи дека некој друг има поголема моќ врз нашите животи отколку ние самите … играјќи во улогата на жртва ние својата животна енергија ја предаваме во моќта на другите.  Но оваа состојба е само илузија – секој избор што некогаш сте го направиле ве довел до местото и ситуацијата во која се наоѓате сега.  Секој од нас поседува сопствена моќ, но затоа пак жртвите не се убедени во тоа.

Кога ќе се откажеме од сопственото чувство на моќ, се чувствуваме  беспомошно и мизерно. Дали е ова начинот на кој сакате да се чувствуваат од ден на ден? Улогата на жртва создава илузија на немоќ. Жртвата го креира сама овој ‘’ маѓепсан круг’’ од ден на ден.
Жртвата создава многу слаб однос со животот, кога таа ја губи сопствената моќ што се случува тогаш со нејзините соништа и желби? Жртвата “природно” ќе создаде заклучок  дека соништата се само нешто што другите луѓе може да имаат, но не и таа.

Добивање на внимание

Најчесто  карактерот на  жртва се развива како еден начин личноста  да се здобие со љубов, сочувство или со вниманието на другите … свесно или несвесно. Ова често се случува во односите со  другите луѓе кои не можат да поднесат да се гледаат како други страдаат. Во овој случај, карактерот на жртвата ќе се открие поради  карактеристиката на  сочувство која  другите ја имаат и жртвата ќе ја искористи можноста за да привлече вниманието, жртвата ќе направи се за другите “да ја жалат” и со тоа да ја добие љубовта и нивното внимание.
Дали имате пријателка или пријател кој пријателската врска ја користи за да ја игра својата улога на жртва? На пример: ‘’Животот ми е катастрофа, ти не знаеш како е да се живее со лоша свекрва, децата морам кај мајка ми да ги оставам секој ден, а да не зборувам и за на работа- колегите постојано зборуваат зад мојот грб зошто се љубоморни на мојата позиција, постојано го подбуцнуваат директорот против мене…’’

Дали овој пример ве потсети на некоја ваша пријателка? Дали постојано зборува само за себе без да праша како ви е вам, дали постојано се натпреварува колку полошо се чувствува за разлика од вас, дали започнале да ви се здосадуваат нивните приказни?

Доколку се препознавте себе во улогата на жртва, можете ли да погледнете како сопственото незадоволство го користите за да добиете внимание?
Доколку препознавте некој свој ближен во оваа улога, немојте да го сожалувате, саму бидете свесни дека не можете да направите да се чувствуваат посреќни доколку ги сожалувате, задачата за пронаоѓање на среќа е нивна и истата ќе ја исполнат само тогаш кога ќе се почувствуваат одлучни и спремни за промени.

Манипулирање со пријателите и саканите

Жртвата може да придобива  внимание и на повеќе деструктивни начини. Може да се користи со манипулација, контролирање  и злоупотреба на другите со цел да го добие потребното. Некои луѓе мислат дека тие се одговорни за здравјето, среќата и успех на другите.
Но реалноста покажува на нешто друго- ние сме сами одговорни за сопствената среќа, здравје и успех.  Луѓето кои ја играат улогата на жртва често се користат и со комплексна манипулација врз другите. Тие се често  лути и фрустрирани.
Доколку играте улога на жртва, можете ли да бидете свесни на кој начин манипулирате со другите па макар и оние кои ги сакате? Ако добро ги погледнете фактите и животните ситуации на личноста која игра улога на жртва можете да заклучите дека таа улога воопшто не е веродостојна.

Веруваме дека познавате некоја личност која е постојано фрустрирана и лута…Дали постојано би сакале да имате врска со таква личност која е фрустрирана и револтирана во поголемиот дел од своето време? Улогата на жртва може само да ги оддалечи луѓето и љубовта од животот кај ваквите лица.
Дали може да се излезе од улогата на жртва?

Одлуката да се излезе од улогата на жртва е често предмет на подолга работа.
Улогата на жртва може да се трансформира во потполност само тогаш кога личноста која ја играла улогата на жртва преземе лична одговорност за сопствениот избор и акции. Преземањето на одговорноста повторно ќе и ја врати животната енергија на личноста. Ова не е лесен чекор, но е можен доколку се донесе одлука и зад неа стои голема желба за промена.

Кога личноста доаѓа до позиција да согледа јасно дека пред неа има избор, нејзиниот животен хоризонт се шири и може да постигне голем напредок во својот живот.

 

Извор: atma.hr