Дали постои безусловна љубов?

од  |  0 коментари

‘Вистинската, зрелата љубов не се пронаоѓа, таа се гради…”

Зар не би било прекрасно доколку би биле сакани и прифатени такви какви што сте?
Многу често луѓето тежнеат да бидат прифатени со сите свои маани и доблести и безусловно сакани од парнерот. Секој човек сака да има партнер кој не тежнее да ги ‘’поправи’’  малите недостатоци и да се труди да го промени.
Психологот Harville Hendrix во однос на ова прашање пишува: ‘’една од целите на зрелата врска е да не излечи од ‘’старите рани’’ од детството. Една од најчестите ‘’рани’’ е неприфатеноста и  чувството на ‘’невидливост’’.  Љубовните врски можат да помогнат при надминувањето на ‘’раните’’ од детството со тоа што обезбедуваат љубов, прифаќање и разбирање.”
Секојa индивидуа има своја ”ранлива” страна и лични потреби, па затоа често постои граница на тоа што другите може да прифатат за нас. Доколку силно се потпреме на потребата да бидеме безусловно сакани тоа може да ни ”даде дозвола” да бидеме егоцентрични и деструктивни.

Дали доколку имаме афера или емоционално го злопотебуваме парнерот, дали треба да очекуваме партнерот  да толерира такво штетно однесување?
Честа се појавува потребата да посакуваме некој да биде секогаш достапен за нашите потреби, без разлика какви и да се тие потреби. Дали нашата желба за безусловна љубов може да значи и потреба за исполнување на нашите нарцисистички потреби без да забележиме како тие влијаат врз парнерот?

Што тежнееме другите да сакаат?

Секој сака да биде прифатен таков каков што е, тоа веќе го дефиниравме.
Но дали ние всушност се прикажуваме себе си пред партнерот такви какви што реално и сме?
Или пак прикажуваме страна од нашиот карактер која ја конструираме дефанзивно со цел да го избегнеме прикажувањето на нашата ранлива страна, ранливата страна на личноста која што реално сме?

Дали со подигнувањето на обрамбен ѕид пред партнерот,  ние  ја прикажуваме автентичната слика за себе, а потоа гордно инсистираме луѓето да ја прифатат и сакаат оваа ”модерирана” слика за себе?

Свесноста за прикажувањето на нашата вистинска личност и безусловното прифаќање поттикнуваат бројни прашања и дилеми. Дали очекуваме нашиот партнер да биде заљубен во нашата арогантна страна? Дали стануваме гневни и критични на нештата со кои не сакаме да се соочиме? Дали нашите изливи на агресивно однесување во врската се рефлексија на нашата дефанзивна шема на однесување со цел да ги сокриеме нежните аспекти на нашата личност?
Критицизмот на партнерот кој поврзан со недоволната претставена автентичност на нашата личност пред партнерот од страна на истражувачот John Gottman иденификуван е како сигурен предвесник на проблемите во односот со партнерот кој може да води и кон развод.

Ако имаме модел на однесување по кој се однесуваме додека се чувствуваме лути и гневни, во случаите кога нештата не се одвиваат  во  посакуваната насока (гледано од нашата перспектива), често на тоа можеме да гледаме како неприфаќање на нашата личност од страна на партнерот, што всушност е и илузија.

Психологот John Amodeo во својата книга  Dancing with Fire пишува:

”Ние умееме да ги сокриеме своите вистински чувства кога не сакаме да бидеме непријатно изложени пред партнерот. Последователно на тоа, нашите чувства може да се појават индиректно. Кога се дистанцираме од она што чувствуваме и она што сме како личности, може да е и објаснувањето за тоа зошто во врската можеме да се чувствуваме иритирано , нерасположено и гневно во одредени случаи.
Потребна е голема внатрешна сила за да ја изложиме на ”видeлина” нашата најранлива страна.
Чекор напред кон една зрела врска е кога можеме да се обраќаме кон другиот на директен и исполнувачки начин затоа што сме свесни за она што вистински го чувствуваме.
Во една зрела врска ние умееме да ги покажуваме своите вистински чувства и да ги искажуваме своите желби  и потреби без да ги прикриваме, да играме игри со партнерот или пак да  ги прикриваме своите чувства затоа што чувствуваме страм за тоа кои вистински сме.”

 ‘’Танго со тежок партнер‘’

Сакате да бидете сакани такви какви што сте ?
-Тоа е сосема разбирливо!
Сакате да бидете прифатени со сите свои  недостатоци и ограничувања?
– Секако!

Полесно е да го добиете разбирањето од партнерот доколку  партнерот верува дека се трудите да обезбедите вистински напори за да станете посвесни за вашите вистински чувства и желби.

Доколку имате ’’ партнер со тежок карактер’’,  може да ја препознаете лесно неговата тенденција да биде избувлив и критичен. Во вој случај најдобро е заедно да и истражувате овие емоции наместо да размислувате како да ги промените и да го ”трансформирате” односот на партнерот.
Кога за проблемите се зборува заеднички и конструктивно се работи на нивно решавање, можете  и самите да согледате како вие допринесувате до појавата на конфликти со партнерот.
Би било нереално да се практикува безусловна љубов  и да се  прифаќа  штетното однесување во врската без да се изјаснеме како тоа однесување влијае врз нас.
Деструктивните врски понекогаш значат и  само-запоставување, но не и давање на безусловна љубов на партнерот.

Заедништво

На децата потребна им е нашата безусловна љубов.
Зрелата љубов се негува преку заедништво.
Како што на растенијата потребна им е сончева светлина и редовна нега, ние луѓето растеме и се одржуваме духовно со давање на меѓусебна почит, љубов и разбирање.

Наместо да бараме безусловна љубов од партнерот, треба да ја преземеме одговорноста за тоа како ние  се однесуваме во врскатата. За да имаме зрела врска потребно е да можеме да научиме да го прифаќаме партнерот, да ја прифатиме својата чувствителна страна, да си дозволиме да бидеме ранливи и отворени кон партнерот и да зборуваме отворено за нештата кои ни значат и ни се потребни во врската.