Трансакциска анализа – моќен психотераписки систем за личен раст и промена

од  |  0 коментари

Трансакциската анализа е теорија на личноста и комуникацијата и претставува моќен психотераписки систем за личен раст и промена.

Трансакциската анализа е социјална психологија која ја развил лекарот и психијатар Erik Bern.
Во текот на последните 4 децении, теоријата на Erik Bern се развила така што станала дел од психотерапијата, советувањата, едукацијата и организацискиот развој.
ТА е прифатена како психотераписки модалитет од страна на Европската асоцијација за психотерапија – EAP.

Основните филозофски претпоставки на кои почива Трансакциската анализа се:

– ‘’Сите луѓе се ОК’’,

– ‘’Секој има способност да мисли ‘’,

– ‘’Луѓето одлучуваат за својата судбина а тие одлуки можат да се менуваат’’.

Во областите на практичната примена Трансакциската анализа како психотерапевски правец може да се користи во лечење на сите типови на психолошки пореметувања од секојдневни животни проблеми до тешки психози. Овој систем може да биде користен во индивидуална и семејна групна терапија и терапија на парови.

Его состојби

Како теорија на личноста (ТА) нам ни дава слика за тоа како луѓето се психолошки структуирани со користење на модел на  его состојбите со 3 члена. Его состојба Родител, Возрасен и Дете претставуваат секој за себе целосен збир на емоции, мислење и однесување со чија помош комуницираме едни со други. Тој модел нам ни помага да разбереме како луѓето функционираат, како ја истражуваат својата личност и однесување а анализата на его-состојбите и интеракцијата помеѓу нив претставува основа за Теоријата на Трансакциската Анализа.

Трансакции

Како теорија на комуникација ТА, ни нуди модел по кој можеме да ги анализираме трансакциите како единици на комуникацијата помеѓу луѓето. Со помош на анализата на трансакциите може да се утврди од која его состојба луѓето комуницираат, со што може да се интервенира со цел да се унапреди квалитетот и ефикасноста на комуникацијата

Интерперсонално препознавање

Bern забележал дека на луѓето потребни им се т.н ‘’строукови’’ односно единци на интерперсонално препознавање со цел опстанок и напредок.
Разбирањето за тоа како луѓето даваат и примаат позитивни и негативни единици, како и начинот на менување на нездравите обрасци на добивање на овие единици претставува моќен аспект на работата во Трансакциската анализа.

Игри кои ги играат луѓето

Bern дефинирал одредени социјални дисфункционални обрасци на однесување познати како игри.
Овие репетициони и индиректни трансакции содржат ”строукови”но наместо нив ги засилуваат негативните емоции прикривајќи директно изразување на чувствата и мислeњата.
Bern ги означил овие игри со многу познати термини како ‘’Да не беше ти’’, ‘’Јас само се трудам да ти помогнам’’ итн.
Животно сценарио/скрипта

Erik Bern сугерирал дека дисфункционалното однесување е резултат на само- ограничувачките одлуки донесени во детството со цел на понатамошен опстанок. Така донесените одлуки кулминирале во она што Bern го нарекува ‘’животно сценарио’’, односно несвесен животен план кој го насочува текот на животот. Менувањето на ”животното сценарио” е цел на психотерапијата и трансакциската анализа.

Јас сум OK- Ти си OK”

“Јас сум ОК – ти со ОК ” е еден од најпопуларните изрази на разбирање. ТА  е во цел на основање на ОК гледиште које препознава почит и важност на секоја личност.
Трансакционите аналитичари работат во насока на менување, развивање и негување на здравата комуникација со другите.

Договарање

Праксата на ТА се базира на базичното договарање околу промената. Трансакционите аналитичаи ги набљудуваат луѓето како способни единки кои можат да одлучуваат сами за тоа што го сакаат за себе и за својот живот.

Овој вид на терапија се основа на договор помеѓу клиентот и терапевтот, едукаторот или консултантот.