Не влегувајте во 2017 со негативни емоции во себе

од  |  0 коментари

Заборавете на лошите емоции во новата година која доаѓа.
Негативните емоции имаат разорна моќ, а позитивните емоции влијаат добро на секој аспект од нашето живеење. Ослободувањето од негативните емоции е процес кој  активно и свесно е потребно почесто да го применувате со цел да научите подобро да се справите со истите.

Како да се ослободиме од негативните емоции?

Оваа едноставна техника од 3 чекори ќе направи да се чувствувате подобро и да бидете подобро расположени. Техниката се состои од 3 чекори:

Прв чекор:

Кога и да се чувствувате лошо запрашајте се:
Со кои негативни емоции се соочувате ?

Втор чекор:

Погледнете во листата на негативни емоции и одредете која негативна емоција ја чувствувате во моментот- но бидете искрени спрема себе.
Потоа погледнете во листата на позитивни емоции и изберете соодветна позитивна емоција. На крајот секогаш додадете ја и љубовта, затоа што таа е најсилна позитивна емоција.

Трет чекор (пример):

Кажете си во себе: – ја трансформирам емоцијата на ( на пр: вознемиреност во емоција на смиреност, нежност и љубов). На почеток додека не ја совладате техниката, потребно е оваа реченица да ја повторите повеќе пати. Понатамошно доволно ќе ви биде да си ја кажете само еднаш. Вака постапувајте секогаш кога ќе ве обземат негативни емоции вез разлика од кој извор и да произлегле.

Најчести негативни емоции:

Завист. Бес. Лутина. Рамнодушност. Раздразливост. Преголемо задоволство сам со себе. Тага. Суета. Тишина. Нестрпливост. Конфузија. Загриженост. Егоизам. Преголема самоувереност. Напнатост. Нестрпливост. Себичност. Огорченост. Тврдоглавост. Незадоволство. Одрекување. Очај. Преголема тага. Себичност. Тврдоглавост. Страв. Злоба. Осудување. Презир. Игнорирање. Гордост. Омраза. Срам. Недоверба. Разочарување. Преголема амбиција. Илузија. Грубост. Незнаење.

Најчести позитивни емоции:

Ентузијазам. Задоволство. Занес. Радост. Воодушевување. Нежност. Одлучност. Смиреност. Опуштеност. Заинтересираност. Љубезност. Учтивност. Милосрдност. Скромност. Дисциплинираност. Упорност. Пожртвуваност. Почит. Трпеливост. Благодарност. Доверба. Вера. Надеж. Љубов. Смиреност. Склоност кон едноставноста. Ненасилство. Простување.  Храброст.